колве несв.

колве (несв.)

Еднаш беше сум ја заборавила вратата од печалката отворена. И влегле кокошките. Му се навртеле на лебот да го колват.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Толкунѕаво гршче пченичка собрав од класја што ги колваа врапците по стрништето... - Ја украде! - ѝ викна Василопулос.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Пишуваше драма – еден дел од животот на Сандино – во која американскиот стипендист пука во Американците со пушка на прадедо му, прочуениот ловец на бизони, мајката го губи едното дете, близначе, а другото, престорено во бувче, ноќе ги колве очите на окупаторските војници, убавицата води љубов не само со целото село, туку и со сеништата, вампири, духови на претците – сѐ тоа набиено на шеесетина страници.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Какво ли тоа завештание запишал животот во нејзината крв па сега птицата се сеќава на песната на нејзините деца и колве заумни трошки од светата трпеза на стеблото кое веќе го нема...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Тие толку брзо колвеа а никогаш да згрешат!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Само вистинските ги колвеа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Знам да чукам букви по тастатурата, иако ги колвам и Александар ми вели дека личам на кокошка што се храни со букви.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Нозете му се лизгаа по угорнината, непрекинато колван од клунот на јастребот, ги затвори ушите, за да не го слуша повикот на бикот Чако, препотен до гола кожа, бегаше, бегаше...
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
На моето дрво имаше рој, ситни врапци, кои непрестанато го облетуваа и колвеа нешто црцорејќи.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Еразмо сфати дека ако не го задева јастребот, тој нема да го колве, ќе се спријатели со него.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Таа е затурена одамна, или е замината, како и мртвиот пријател, во окото на птицата што упорно колве по нашите спомени. Или надежта проврнала како студениот дожд.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
И тогаш тој ќе клекне сред нив, а тие ќе колват и ќе се врткаат околу него како во пчеларник, ќе го забавуваат и одушевуваат со тоа што ќе му ги колват ногавиците на панталоните и копчињата на кошулата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Зад работилницата имаше една празна цилиндрична канта од масло, и во последно време еден клукајдрвец беше се навикнал да колве на неа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Една кокошка ги колвеше врвците од чевлите на Милан и една обоена дамка на неговата ногавица од панталоните.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Од под нозе ти ги колват трошките, семките, лушпите од овошје.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Нихилизмот е во секоја пора нѐ фрлаат во апатичното буниште ѓаволот е ебано восхитен постепено од совеста ни колве
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Убавата таванска розета, во млечно бела боја ја имаа завземено два пауна со раширени опашки кои колваа грозје.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Се сети на своето село, на куп луѓе под сенките на големиот орев, на јатото кокошки кои го колваа буништето, на свињите кои ги таманеа како крв засирените црвени бобинки, на бунарот и чкрипотот на чекркот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Бам... и смрзнаа сите мисли, гавраните, кои чепкаа и колваа црви во земјата пред рововите, полетаа грачејќи...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)