комичар (м.)
Со она свое лице кое јас го нарекувам „лице на комичар”, не можеше да предизвика возбудување - барем половината од времето не верувате во она што се случува пред вас.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Нашиот строг татко тогаш се претвораше во комичар!
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Така тврдоглаво стојат на ставот дека одредена пиеса која излегува од нивната театарска работилница е комедија, (а таа е обична лакардија), за актерите ќе кажат дека се одлични комичари, (а тие се обични хумористи - тоа што го реализираат на сцената може да се перципира како смешно, а не како комично).
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)