комора (ж.)
И можеа тие неколку дена, додека се искрадуваа, да ги гледаат пренатрупаните патишта со сиот имот на државата, беше како некој да ги имаше истресено, исфрлено, крај главните и други друмови, сите државни магацини, сите воени резерви, сите комори, заедно со нераспрегнатите коњи и сите други воени возила, запрени, или стркалани крај џадињата.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Воловите ни ги зедоа уште порано за комората.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Одиш, одиш така, дее, ајс, отсебо, дее, па после охаа, ќе свика некој од војниците, од комората. И ќе ги запре воловите.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Но гледајќи ја војската која ги имаше запоседнато положаите над селото, гледајќи ги војниците кои се врмзлаа низ селото, коморите со јадење и оружје што врвеа низ селото, нивните повремени вежби, одново му затреперија оние со мака залечени нерви, одново му навреа сликите од фронтот, одново го заплусна бранот на сеќавањето: зафати да го витла, да го бреца, да го крши, исполнувајќи го со ужас и зафрлувајќи го да паѓа, да се тркала, да вика.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Темната комора се наоѓаше веднаш покрај купатилото кое сите го користевме - тие две простории дури беа и поврзани со обоен прозорец и, од внатре, можеше да се слушне како Били се поместува внатре.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Хауард Реинголд (Howard Rheingold), калифорниски автор на текстови за симулација на стварноста со компјутерска технологија, во врска со тоа го вели следново: „Пред да влезете во тапацирана комора и си ги ставите очилата, ќе облечете лесна и проѕирна облека, како некаков чорап, што се прилепува за телото.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Едно утро, кога дојдовме во Фектори, вратата од темната комора во која Били претстојуваше полни две години за прв пат беше отворена.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Херодот ни опишува еден од најстарите, во Египет: има три илјади простории, а во речиси непристапната средишна комора закопани се кралевите и светите крокодили.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Иако срцевите комори му пукаат од страв, тој наизглед останува прибран.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Син му на Ризван бег, Абдула ефенди, долги години беше офицер во воената комора што се грижеше за снабдување на војската.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Освен со оружје, што била главна работа, неговите карвани натоварени со прехранбени, пред сѐ сточарски производи, оделе заедно со турските војски, со коморите.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Лифтовите во Холокауст центарот се дизајнирани да асоцираат на гасни комори.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Господар на хаосот. Господарот на намамените туни во црната комора!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Уште рано во пролетта (обично во почетокот на март) се поставува мадрагата (од провансалскиот збор madrago), систем од мрежи на неколку ката во вид на стапица, која како далјаните при ловот на јагулите, ги води рибите во безизлезниот лавиринт, во комората на смртта каде што потем се одвива крвожедната матанѕа... невидениот масакр на јатото туни...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Облеката што беше употреблива се праќаше на дезинфекција и дезитерација во соодветни комори. (....) Слично беа прифаќани и другите транспорти.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Кај репрезентативноста, пак, на здруженијата на работодавачите ситуацијата е уште подраматична, бидејќи процентот од 33% (1/3) се сведе само на 10% (1/10) „од вкупниот број работодавачи“; додека, пак, на ниво на РМ репрезентативна стопанска комора е онаа која ги исполнува горенаведените услови, со таа разлика што е доволно во неа да се зачленети најмалку 5% (1/20) од вкупниот број работодавачи во приватниот сектор од областа на стопанството во РМ или, пак, работодавачите-членки на комората да вработуваат најмалку 5% од вкупниот број вработени во приватниот сектор во РМ (чл. 35, ЗИДЗРО/окт.09)!?
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Односно, до престанок на дејствување доаѓа кога „така ќе одлучи надлежното тело на синдикатот, односно здружението на работодавачите, кое со статутот е овластено да одлучува“ за ова важно статусно прашање (чл. 28, ЗИДЗРО/окт.09); г) исто така, за прв пат, а со цел јакнење на социјалниот дијалог во државата и усогласување на конкретните мерки што се преземаат во сферата на економската, социјалната и развојната политика, се пропишува основање на едно советодавно тело, без поголеми изречни прерогативи за самостојно одлучување – наречено Економско- социјален совет, чијашто дејност се темели на потребата за трипартитна соработка меѓу Владата, репрезентативните синдикати и репрезентативните стопанските комори, при решавањето на економско- социјалните прашања и проблеми (чл. 246-247, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Кога судот ќе казни со парична казна или ќе отстрани од судница адвокат или адвокатски приправник како полномошник, за тоа ќе ја извести Адвокатската комора на РМ (чл. 304, ст.4 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Испратнината се исплатува со денот на престанокот на работниот однос, а барањето т.е. давањето согласност за откажување од правото на испратнина од страна на работодавачот, односно од страна на работникот се ништовни! (чл. 97, ЗРО). 8. Адвокатската тарифа кај нас, согласно Законот за адвокатура (2002), ја носи Собранието на Адвокатската комора на РМ.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Лиценца за работа издава Комората на РМ за обезбедување на лица и имот – на лице кое, покрај општите услови за засновање на работен однос определени со закон, ги исполнува и следниве услови:
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)