компензација (ж.)
Ако ги погледнеме настаните од последната руско-турска војна досега ќе видиме оти секоја арнотија од Бугарија за Македонците не е ништо, освен една компензација за глупостите што ги има направено Бугарија по нашето прашање.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
...големиот закон на природноста наспроти квадрантите промислата наспроти оправдувањето лебедот наспроти кристалот крв слободна од телото се простира пред окото зад извикот таму каде чека твојата сребрена чевличка твојот заден траг... знаците од сонот или сонувачите како алтернативци ...отежната од змиските клопчиња гранките се веднат скоро до паднатите лисја зошто оттаму од живите шуми ме потсеќаш на своите боси стопала јас не сум лошиот родител ниту ти оставеното дете тие чудовишни црнобели слики се сосема предвидлива компензација за отсатноста сонот место допир декорот го бираме наизменично ноќва се моите змии шумите следната ноќ возењето во спротивна насока распарченото тело на асфалтот крваво што го љубиш осветлена во трикото на невина балерина потоа јас летот над градот по ехото на твојот глас па ти појадокот во природа со заборавените заеднички пријатели...
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
- Значи со нас сака да прави компензација... - рече игуменот.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
А на психоаналитичарите им е добро познато дека грандиозните фантазии за општествена утопија, кои на себе својствен начин изразуваат една имплицитна колебливост во соочувањето со стварноста таква каква што е, претставуваат компензација на болните неисполнети нарцисоидни очекувања.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Но главната компензација за него била фантазијата.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
ЗАКЛУЧОК Во миговите кога општествените граници се мошне реални и кога различните расистички демагози се загрижени да не ги пречекорат разни неповикани раселени и економски затирани индивидуи, се чини популарната култура со своето имагинарно пречекорување на границите како некаква лажна компензација, утеха.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Фасцинацијата со прашањето на надворешната граница, односно заокружувањето во единствена, етнички чиста, целина, се компензација за оваа слабост, бегство на општеството од сопствената вистина.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Ти обневидува видот, па не го гледаш тие тоа сите што го гледаат туку ти се привидува никој што не гледа; ти секнува жедта, па не го чувствуваш јазикот како ти талка по сувата уста како давеник што не сака да слушне за вода; ти гасне гладот, како излишна потреба да се наполни утробата во привидна компензација за секој неуспех во животот; ти се нивелира вкусот, така што ти е сеедно дали пиеш изворска вода или жива сода; ти испарува мирисот, освен на хризантемите ако воопшто испуштаат нешто додека рамнодушни ги ставаат во китки на свежите гробови.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Сега надоаѓаше неговиот бес како компензација за изјаловените страсти и чувството на отфрленост.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Повикани да го спречуваат убивањето, конфликтите, судирите во светот, тие како да наоѓаат своевидна компензација во отстрелите на животните.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Беа тоа луѓе од посебен сој, целосно предадени до крајот на животот на универзалната дипломатијата, која ги трансцендираше националните граници и ограничувања, понесени од некаков идеал, кој сѐ помалку станува разбирлив во овие времиња, далеку од секаква материјална компензација или некаков друг профит!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Поетот не успевајќи да му се наложи на другиот предел, барајќи одговор од историјата и разбирајќи дека таа не може да биде компензација за изгубената земја, одговорот ќе продолжи да го бара на неизвесните патишта на универзалниот егзил, на некој можен премин на минливоста, на премин меѓу материјалното и метафизичкото.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Имено, како еден вид компензација за перманентното пролонгирање на старосната граница за одење во пензија, се забрани прекувремената и ноќната работа за оваа категорија работници (чл. 180, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Но, како еден вид компензација, не знаеме само дали поради грижа на совест на законодавецот, е воведена една друга слична одредба, којашто е порестриктивна vis-à-vis претходната, бидејќи се однесува не на сите видови одмор, туку само на годишниот.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Тоа требаше да биде нешто како компензација за нејзината неостварена желба да студира.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Со намалувањето на продажбата и лошото раководење настанаа услови за влошување на работната атмосфера и условите за работа, како и нередовност на платите и нивно исплаќање во најразлични производи од компании кои своите обврски ги подмируваа со компензација т.е. взаемно пребивање на побарувањата или нивно намирување во натурален облик.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)