компир (м.)
Зашто... (Се мисли.) Ми текна нешто, да простиш, Спиро, како на трудна жена: ми се пријаде месо со компири...
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Ќе рече, за месо со компири што му текнало нему, да губиш од работата...
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Не со компири, туку месо со праз. Не, згрешив: не месо со праз, туку со компири... Месо со... месо... (Отидува.)
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
АНЃЕЛЕ: Да може човек сѐ да донесе... Пак за компири кому му паднало на ум!...
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
АНЃЕЛЕ: Ах, мори внука, таму ги има што ги има пусти компири, може осумдесет сорти! Некои се како змии.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
И така се погодија јатрвите: Доста да го зготви петелот со компири, а Митра — тепција со свинско месо, малку оризец и бонгурец, бидејќи и крмнакот веќе беше заклан.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Кој ќе чуе утре, ка ќе рече: „На Митра Сукалова и го испила чавка умот, та зготвила кокошка со компири!“
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Во сандачето (тоа беше куферче) бенге зела од кај браќа си дветри кила компири, и кога ѝ кажа на Митра дека таа ќе го зготви петелот, ни со бонгур ни со ориз, ами со компири, оваа зина од чудо и за малку што не извикна: „Да е видел господ, кокошка со компири ќе ми готви ваа орјатка! Шо ни се чуло, ни се видело!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Луѓето наследиле од дедовците навики и знаење; напролет го садат компирот на онаа педа земја што ја имаат, се веднат со копачките во лозјата зад ридот, го следат со очи снежното окопнување во дабовиот честак; налето се виткаат над компирот да го прикријат со тврдите грутки, ги колнат ненаситните кртови, чекаат дожд; наесен го слават гроздоберот и вардат - што помалку леб ќе се изеде, сѐ повеќе зрна ќе се засеат ораниците.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Една старичка буташе внимателно по правлиот тротоар старовремска детска количка полна со компири, неколку деца шутираа корка од лубеница, едно црвенокосо момче се мачеше да го намести на запчаникот на својот бицикл откачениот синџир.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Во сандакот му беше останат само уште еден сомун леб, стврднат и начнат на едниот раб, а во другиот агол стоеја уште пет сотни компири.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Под него најде еден слој црвена земја, што беше сосема сува и се раздробуваше во црвеникава прашина, а под неа се откопа сламата, од која тој внимателно ги одпретуваше компирите.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Беа добри, средни компири од едно добро семе, бинте, што успеваше одлично во планинската земја, бели и трошни кога ќе се испечат, но го зачуди тоа што ги имаше толку малку.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Сѐ што се гледа се продава евтино и без мака: за печени јаболка и дуњи, за небет-шеќерчиња, стопарчиња, варени компирчиња, кисели пиперчиња и друго.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Учителот сам суправа по собата: тресе некакви крпи, исфрла лушпи од јајца, компири и што ли не.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Хм, имаш право. Гледам: дојде ден и компири да немаме.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Од едно мало кошарче во предниот дел на колибата, Бојан зеде три, четири компири и ги спушти во котлето над огнот.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Чувствуваше глад за леб, за варен или печен компир, за пржена сланина, но му беше потребно подолго време да си приготви таква храна, па мораше со нешто да го залаже својот изгладнет стомак.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
- Тие, - на брзина рече Проедросот, - ќе одат со Методија на она една педа нивче што го имам да покопаат малку компири, а јас, штом бидам готов, веднаш ќе им го однесам тескерето.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
За денес имам мисериштено да го ставам, да ги откопам компирите и да ги донесеме и во племната да стасаме нешто да средиме.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)