компресор (м.)
Се корнат буки, се рутат карпи; и искри летаат в рој! булдожер рие, компресор ечи Напред и напред, младинци наши, со горди чела за нови дела, во славен поход во трудов бој!
„Мое село“
од Ванчо Николески
(1950)
Во еден момент запре боботењето на компресорот, а потоа се слушнаа извици.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
„Како е?“, се јавува пак Коле од под сенката. „Што?“, се огласува оздола Вангел и гласот излегува нејасен, измешан со боботењето на компресорот.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Моето поткренато расположение се должи на една црна машина, компресор, со кој сега го копаме бунарот, како и на прилежноста на уште двајцата нови работници, по потекло од Пустенец.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)