комуна (ж.)
- Што ти рече? Париска комуна, револуција?
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Никој умен не можел да поверува дека во новиот век, посебно во епохата на сталинскиот комунизам, жртвувањето ќе воскресне во нови невидливи облици и размери, нескротливи во ниту еден мит и легенда како во минатите векови.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Но, и тоа беше подобро од преголемата сензитивност, сентименталност и филантропија на Ворен кој го замислуваше светот како Woodstock, како еден голем, сеопфатен хипи концерт, како една глобална комуна.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)