констелација (ж.)
Дали во интересот за неприкажливото гледате модерно поставување на прашање што настанува врз темелот на новата констелација од проблеми, или барањето на неприкажливото отсекогаш било присутно во историјата на филозофијата? Можеби сте забележале дека систематски никогаш или само случајно ги употребувам периодизациите како класично, модерно или постмодерно.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Состојбата на зависност што е карактеристична за пред- ојдиповската констелација, во која задоволувањето на потребите зависи од „каприците на Другиот“ се репродуцира, во сразмерите на субјектот, до социо-симболистичниот Друг, што натаму се пројавува во облик на Другите-за нас-закон, Другите во она, што можеме да го наречеме „добродушен деспотизам“: „Нарцизмот е психолошки израз на таа зависност.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Приклученоста за машините секако имплицира нова антрополошка констелација и нов тип на субјективно осознавање, втемелено во општото спознание.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
За тебе во зелен мундир За пролетните пољани цветни За полжавот што по дожд се буди За милозвучните кларинети За мрзеливиот и оној што се труди За славните химни и сонети За оној што љубов ќе понуди За старите ковани монети За оној што неправедно суди За луѓето – марионети За констелациите чудни За сладоледи во корнети... 2008
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
„.. За мрзеливиот и оној што се труди, За славните химни и сонети, За оној што љубов ќе понуди, За старите ковани монети, За оној што неправедно суди, За луѓето марионети, За констелациите чудни, За сладоледи во корнети...”
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Откако нејзе, во мај 2009, предвремено и завршува директорската функција поради промени во политичките констелации на тогаш владејачката коалиција – од која е разрешена со владино Решение бр. 33-2908/1, нормално, таа очекува да го добие „старото“ работно место што го имаше пред назначувањето на оваа позиција, иако потсвесно насетуваше дека, во знак на реваншизам, може да не ѝ се додели токму тоа место – но, сепак, во најмала рака да добие работно место како правник.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Меѓутоа, во новонастанатата констелација на силите на Балканот, кога советската армија се наоѓала во Романија, Бугарија и во еден дел на Југославија, британскиот политички врв сметал дека е беспредметно да заговара една таква заедничка федерација.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)