контрабас (м.)
Дури, јас и Земанек сонувавме да направиме некаков џез-состав: тој одлично свиреше пијано, а јас саксофон; имаше во гимназијата и едно момче што одлично свиреше контрабас и ние планиравме со него да направиме трио.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Вест која радува:
младост на обликот (Модилјани)
ластерки на личотијата од нов вид
- а прстите на цветаева невидливи
врз тилот на долгата жешка зима –
мимика на притивнат протест
сѐ-на-сѐ
антиграматика на очајот
- спознај се самиот себеси
и уште (асоцијации за вратот)
теснец кој пулсира – притеснета надеж
клисура во која одекнува контрабас
а мажите аргонаути, крзнољупци
верници од инакви светови
не се откажуваат од потрагата:
влезот во жената е бескрајно долг
да биде волјата ваша
слободна!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Трио труби и тромбони Квартет конги и контрабаси Караван што звучи како звездени кочии Секстет подобар од секс тет-а-тет Септет, седум серафини творат Октет, октобани, плус хора Можат да ми позавидат и кралските двори! 2008
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)