концерт м.
концертен прид.

концерт (м.)

– Да, ние треба да знаеме оти од учеството на сиот “концерт” може да се очекува големо неблагозвучје, помал притисок врз Портата, отколку што може да се очекува од работите на двете најмногу заинтересирани држави.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Како мала учела балет, свирела на пијано, посетувала театри, концерти, многу читала.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Жабите се подготвуваат за голем пролетен концерт...
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Штурците почнаа да ги гласат своите виолини за вечерниот концерт. Беше време за враќање дома.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Над папратот, над шаторите, штурците и бумбарите веќе ги гласеа инструментите за својот денешен, пладневен концерт.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
19. ЗАБОТ ГО БОЛИ, ПА КРИВЕ - некои свират на тенка жица, тие што биле на концерт нивен добиле маски за сентиш лица...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Беше недела која ја посетив црквата. Беше преполна со луѓе, кои дошле во црквата колку заради службата, двојно повеќе за да го чујат хорот а неговиот концерт претставува вистинско уживање, па и спектакл...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Потоа уште многу вечери лутав низ Париз , уште многу пати навраќав во овие улички за да го чујам уште еднаш овој концерт, но не можев да го сретнам старецот со виолината.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Лајпциг се гордее со Томасовата црква. Таа не служи само за богослужба, туку и за концерти, зашто е извонредно акустична и располага со две оргули.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Уште пред да седне, пред меко да ги спои прстот и типката во првиот тон, знаеше дека ќе го свири тој концерт.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Сонцето заоѓаше со звуците на Шопеновото анданте од концертот во ф-мол.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Присуствував на утринскиот концерт за едно молчеливо живо пајче, еден бел нем брод и оркестарот на притаени души.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Присутните во свечени тоалети, огромните кристални лустери, спојот на раскошот и носталгијата ѝ заличува на телевизиските преноси на Новогодишниот концерт во Виена.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Една вечер враќајќи се со автомобил од некој концерт, мојот пријател Норман и јас останавме опсипени од сликата која изнурка од некој мрачен подвозник и удри во автомобилското стакло налик на ненадеен кошмар.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Давид во повеќе интервјуа изјави дека Monty Cantsin стигнал во Портланд, додавајќи дека има повеќе Monty Cantsin и во Унгарија, Јапонија и во другите земји и дека сите изведуваат еден голем симултан концерт.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Кралот Фридрих имал обичај на својот двор навечер да приредува концерти на камерна музика.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
ВГ: Јапонските деца стануваат „хај“ од големи чоколадни табли сочинети само од шеќер и кофеин. Јадат по пет-шест вакви шеќерно-кофеински хај табли на концерти.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во моментов ми се чини непримерено жалењето дека луѓето како Walter, Klemperer, Reinhardt итн. мораат да се откажат од своите концерти, дотолку повеќе што многумина вистински германски уметници во текот на изминатите 14 години беа осудени на молчење, така што случувањата, кои последниве неколку недели го немаат нашето одобрение, се само природна реакција на тој факт.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Во вториот дел имаше пет дела на Лајбах од нивниот „забранет период“ од 1984-та, кога во љубљанската сала Малчи Белич отсвиреа еден анонимен концерт кој деновиве ќе излезе како документарен цеде за Dallas/Mute Records.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во истиот момент еден човек облечен во црн костум, како за концерт, се појави од една странична уличка и потрча кон Винстон, покажувајќи возбудено кон небото.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Повеќе