костец (м.)
Господе, зар мора човек, за да е сигурен дека живее, постојано да е фатен во костец со својата судбина?
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
„Фати се еднаш во костец и со зборовите, не туку само превртуваш со јазикот и го вадиш ременот“!
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
И ако стане тоа, како ќе заврши, кога овие несреќници ќе се фатат во костец со една империја?
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Некои деца се држат за скутот на мајките, други изгледаат некако достоинствено, подготвени да се фатат во костец со она што уште не го разбираат, но кое лебди врз школскиот двор како фантом.
„Најважната игра“
од Илина Јакимовска
(2013)
Ѓаволот нема сила за мене, но ги надвасува тие што ги сакам, ги фаќа во костец и ги љуби!
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)