костимографија (ж.)
Двајцата се воодушевуваа од севозможната, етнички мешана и така питорескната костимографија на градот и особено на нивните едноверци - некако не им одеше веднаш да кажат „сонародници” зашто беа толку различни од нив - од кои најголемиот број беа скромни луѓе, постарите сѐ уште облечени традиционално, со фесови, антерии, широки женски здолништа со долга престилка и специфични женски капи што ѝ личеа на дајриња ставени на глава и врзани под брадата, сите дотерани на туѓ, ориентален начин.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Како зачувани отпечатоци на изгледот на минатото, не само на сценографијата и костимографијата на одвеаните времиња, на променетата топографија и географијата на просторот, туку, најмалку прелажани, и на пејзажите на човечкиот свет, лицата, изразите, односите, слабостите, емоциите, расположбите, душите.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Сѐ на сѐ, одличен филм со феноменална костимографија, шминка, сценографија и што ти уште не.
Само напред, г-ѓа Крафорд!186
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)