крајност ж.

крајност (ж.)

Авторот на делото успева да ги хармонизира овие две крајности, останувајќи до крај внатре наративна перспектива, односно опфаќајќи доволна наративна градба за творечкиот свет да биде целовит и јасно дограден...
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Природно, секоја негова постапка одеше во крајност, што во почетокот изгледаше и забавно.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Не знам што оплакувам од тие две крајности.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Езерото, до крајност немо. Остарениот човек бревта како риба исфрлена на влажниот песок.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
А таа сега од една крајност премина во друга: им се насмевнува и кога треба и кога не треба, им потфрлува благ збор и кога треба и кога не треба, не им оди повеќе по петиците и не ги следи како порано, не плуска со камшикот низ просториите, не испушта грлени гласови како порано, ами постојано пушта музика од грамофонот внесувајќи весела атмосфера во Пансионот; ги повикува одвреме-навреме во канцеларијата да ги почести со пијалак, та кога ќе потпивне малку повеќе, лицето го расцутува од смеење и веселост и потпевнува со глас како славејче.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Гронинг: Постои голема грижа за негативното влијание што разни слики и идеи го имаат врз детето, но се сеќавам дека како клинец бев фасциниран од крајностите на човечките напори и тоа посебно од негативните крајности - смртта и насилството и слични морбидни нешта - бидејќи тоа е она што најмногу ги растројува луѓето... 116 Margina #22 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Нека тоа го доведеме до крајност: ако себе си се признаеме како функција од сите други луѓе а сите други како функции од нас тогаш „одговорноста“ ќе мора да ја заземе местоположбата што сега ја зазема „индивидуалната слобода“.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Сѐ уште сме под прагот на будење -: дури и таа крајност допрва претстои.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Промени* квартални циклусни целосни или нецелосни очекувани и неочекувани * одење во крајности * бескрајно тоа е сѐ што очекуваме од животот од професијата од климата***
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Со својата крајност ја балансирам вашата.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Незгодата е овде што критичката мисла засега едно дете, изведено не по свое барање да го ценат, а како што му се чини на уметникот, кој е сега готов да мине во друга крајност, некако силум привлечено во вителот на оние суетни работи околу кои се ломат амбициите на големите.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Без исклучок, сите, секогаш, и у секоја пригода ги споредуваат двете крајности и на тасот „Македонија“ дополнително ја товарат носталгијата. А како се дефинира таа?
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Ценевме дека токму со ваквиот пристап [„лаичка“ наративна верзија + стручен текст во фуснота] ќе ја постигнеме нашата основна цел: текстот да биде лесно „сварлив“ за читателот кој не е правник, односно да не биде премногу правнички, несфатлив и тежок за читање; додека, пак, стручната компонента од анализата да биде дадена во една интервентна и ненаметлива форма, кон крајот на текстот – за да не преминеме во друга крајност, којашто ќе ја девалвира професионалната вредност на трудот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но немаме време за медитации, до крајност се обидуваме да го истрошиме умот, зошто сме свесни за крајот што неминовно ќе дојде, барањето мир прерано ќе ни го покаже тој пат до крајот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Пак се наоѓам на оваа локација, која води кон четири различни излези или крајности.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Тоа оди во крајности. Од желбата болно да се успее, до желбата да ме снема или да станам обичен клошар кој скита наоколу.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
- Знам (безумно промрморев). Бев шокирана. Се избезумив до крајност.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Зашто толкаво количество претерана и празна емоција бара оправдување, а нема рационално објаснување што може да ги оправда нејзините хиперболични крајности.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)