кредит (м.)
Штом го исплатија кредитот за електричниот шпорет, зедоа друг - купија фрижидер.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Интересно е во Варшава,наспроти огромното здание на Домот на културата, да се види осамената убавица - новиот хотел „Форум“, граден според шведска лиценца и со шведски кредити.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Од младите се бара многу: добро да учат, да помагаат дома, да имаат разбирање за сѐ, но товарот на родителите е далеку поголем, од нив се бара да се има дом, да е топло во него, да се има облека, да се има храна, да се имаат пари за кино, за слаткарница, за патувања, за струја, за вода, за кредити и за што ли не!?
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Истовремено од тогаш, кој како ќе измислеше да купува автомобил, било во готово или на кредит, јас парите ќе му ги приберев.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Телефонирај и провери го нашиот кредит. Нашиот кредит исчезна.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Тие кредити можат да се сервисираат само под услов да се земат други кредити, а тоа можеше да мине само затоа што како првобитен капитал беше прифатена една вештачка вредност, па тоа овозможи однапред да се задолжиме така што беа прифатени хипотеките на кредитите за коишто требаше да гарантира првобитниот капитал.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Последично е поврзан со фактот дека светот веќе дваесет години живее на кредит.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Да, тој го стори со автомобил, му даде кредит, но каков кредит! Да ти ја исцеди сета лој!
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Во септември 1881 година во Цариград бил свикан состанок од претставници на европските кредитори, на кој требало да се пронајдат форми и средства за враќање на дадените кредити.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Освен тоа, тој беше нешто како сараф – даваше по луѓето пари на заем, како што сега банките даваат кредит за малото стопанство како што го викаат, на кесим, како што се вели по турски и со убав интерес така што тоа, исто така, му помогна да се збогати. Србите нив ги викаа зеленаши.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Пијаниците се без скршен денар и се јавуваа сѐ додека не си ги потрошија кредитите.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
Се делат некои кредити без камата, стипендии и грантови.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Обично брачни парови агрономи, сточари, од сродни или други професии, користејќи од владата поволни кредити, отвораа свои козји фарми и обезбедуваа солидна егзистенција.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Доколку сакаат да аплицираат за заеднички кредит за кола, стан или семеен бизнис, хомосексуалните парови не ги исполнуваат условите - што на хетеросексуалците им е дозволено... ај да не се повторувам.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Застанаа малку на страна, покрај плакат кој рекламираше поволен кредит од С-банка, под кој случајно ѕиркаше зборот „Убиство“ - остаток од постер против абортусот кој бил тука пред него.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Немам кредит во телефонот, за да одржувам барем поважни контакти.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Стуткани меѓу Виена и Прага тие повеќе береа гајле како да дојдат до кредит за колор телевизор иако веќе им беше сосема извесно дека телевизорите постојано најавуваат само зла и несреќи и дека црно-белите само се заменуваат со зла и несреќи во боја.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
„Ќе си купам топ!“се фалеше Бебек, а сите од публиката беа готови да му се потпишат како жиранти, ако за купувањето требаше да подигне кредит.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
- Со кои пари, бре, луда жено! - Па, на кредит.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- Ма, ти не си нормална! Ако земам уште еден кредит нема да имаме за јадење.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)