крене св.

крене (св.)

Надојдоа жени; од подот го кренаа тие нејното немоќно тело, и почна со студена водица некој да трие Недино високо чело.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
И Кузмановото тело се провикна за да го кренат .. .
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Со почит, пред телото мртво Кузманово, рака Гегите кренаа веднаш.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Крена глава стара баба, крена, сја опули, а из очи с'лзи капат, роњат сја как бисер.
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Загинавте млади, о јунаци бујни, мажествено, чесно, со пушките в рака, И пред да се кренат бајраците рујни, на агата вие му внушивте мака.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
Средствата за достигнувањето на оваа цел беа чисто културни, па сепак и овој план ние не успеавме да го реализираме, бидејќи приврзаниците на идејата за „голема Србија“ го кренаа и против него својот влијателен глас”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
СЛОБОДАТА: Денес робот ќе го крене својот глас и со оружје во раце ќе се обиде да ги скрши оковите што ги влече цели пет века!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Да завеи силен ветар, Да ме крени на небеси.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Командантот зачудено крена поглед: – Види, види!
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Чудовиштето крена две пипалки, ги спружи накај нив и ... – Кои сте вие?... – згрме глас.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Мече гордо се исправи, го крена високо знамето и ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Наеднаш, како да се разбуди, ја крена главата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тој ме погледна и не ја крена главата; потоа шмркна со малиот нос и развлече: - Ми се потсмеваш? - Не. Жими свети Никола.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
— Токо сега? — тука Крчо ги крена веѓите за да ѝ покаже на Тода нешто што го интересува, а се наоѓа над неа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Околу ручек другачките го кренаа котолот и „дробните“ работи, измиени, исправни, набелени, готови за утре.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Та дури се понасмеа кога дојдоа Крсте и притропот Петре да ѝ кажат и да ги кренат тоа плачкуринките и некој и друг товар дрва.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ја ведна главата, се поуми, а кога ја крена, очите му заискрија од пакост и рече: - Да те прашам: сите ли ти платија?
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Го крена погледот и гледа: се накачиле децата на плевната и низ една дупка одгоре му се смеат: - Уа-а-а-а-а, јатак...
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Дедо Лико не ја крена веднатата глава.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Верглата мрмори глуво и глуво мрмори Сена. Сликарот бавно стана и празен поглед крена.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Повеќе