Крит (име.)
Од Франција тргна со брод за Истамбул, но зафати силна бура што го оштети бродот и се истовари на островот Крит.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Епименид, критски мислител, на времето лансирал едно бесмртно тврдење: „Сите Критјани се лажговци“.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
171 Обиколниците водат кон средиштето (...) Најстарите лавиринти што се споменуваат во европската литература се оние во Египет и на Крит.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Во областа на логиката автореферентноста е признаена како главен извор на парадокси: Епименидовиот парадокс, попознат како парадоксот на критскиот лажго, потоа парадоксот на Расел за множества коишто не се свои членови, Хофстетеровите купишта парадокси итн.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Бошко беше среќен, ги откупија неговите три деца и жената, ги спасија од пазариштата на робја на Крит и во Едрене, каде што сигурно ќе ги однесеа, зашто таму цените беа повисоки.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)