кроасан м.

кроасан (м.)

Една врба, јас сум јас Како би јадел тиква, кроасан, вол, прасе, слон и јајца со праз.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Ако беше сабота, го мотаа како голем кроасан или го сечеа на ленти и го плетеа во долгата плетенка на Златокосата од приказните.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Камилски се насладуваше на својот стандарден појадок: свежо печени кроасани со бело кафе.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Им се радуваше на тазе кроасаните, со позлатени, светликави кори, потопени во невидливиот путер.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ме привлече миризбата на топлите кроасани кои беа поставени на масата, а во еден стаклен сад џем од кајсии.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Заминуваше рано наутро од хотелот, секогаш според истиот ритуал, по појадокот со тазе кроасани и бело кафе, со празното куферче се упатуваше кон мостот Сен Мишел.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)