крстозбор (м.)
Потем ја притиснав благо вратата и таа се отвори; тој седеше на масата, решаваше некаков ребус или крстозбор, и сосема незадолжително погледна во мене: „Кој ти рече да влезеш?“, рече.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
На масата, покрај редовниот крстозбор и анаграмите, стоеше најновиот весник.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
На масата му стоеше нерешен крстозбор со анаграм и ребус; неговата омилена пасија.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Тој во меѓувреме се исклучил од разговорот и фатил да решава крстозбор.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Те погледнав свету И мрачен ти беше (божем погрешен) Црно на бело крстозбор решен Кон светлина божем почна да идеш Но рабови тенки, кршлива рамка И овде-онде-пак црна дамка Те допрев потоа за сигурна да бидам Дали по патекава мека и тенка Можам воопшто на кај тебе да идам Или мене само така ми се виде А по текот твој и други видов нешта Девојка невешта по истиот пат Со мисли во облаци чекори кон Ад Со допир стаклен и смирен поглед Ко кукавица птица в незнаен лет А зад неа: надзирам јас со двоглед: – гледам кристално јасно низ овој проѕирен свет! 2001
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Засега не ми остануваше друго, но налудничаво да чкрткам по прашални крстозбори од стари списанија, во надеж дека ако машки се потрудам, бесплатно ќе го добијам најновиот број...
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
И додека ние вртевме крукчиња на мразот тој седеше на трибината и решаваше крстозбори.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)