курс (м.)
Но, штом таксистот или портирот во хотелот, или оној продавач на улица, ќе забележат дека сте странец, веднаш бараат валута, за која под рака даваат многу повеќе злоти, отколку што е официјалниот курс.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
— Југославија го сврте курсот. — Кој курс, прашувам. — Партискиот, ми велат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
— Учев во Демократската армија на Грција, велам. Организиравме курсеви.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ама тешко е затоа што многу девојчиња веќе учеле англиски на разни курсеви и - ајде сега стасај ги ако можеш.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Во Америка дури петнаесет универзитети, вклучувајќи го и Јејл (Yale), имаат организирани курсеви за изучување на хиперлитературата, како и универзитетите во Австрија, Данска, Англија, Шкотска, Норвешка и Јапонија.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Џејмс Џонс, на пример, кој се запишал на курс кај некоја образована дама чии студенти ги имитирале стиловите на многу познатите писатели... еден месец Хемингвеј, еден месец Грахам Грин, итн. Мислам дека ова е добра вежба.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Но ми се чини дека е поголем бројот на писателите кои не се обучувале себеси на ваков вид курсеви.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Кога Антони Барџис водел курс за пишување, еден од студентите му го поставил прашањето: „Зошто вие стоите таму и предавате пишување, а не јас?“
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Користете се со нив, јас знам дека многу Французи ќе завидуваат затоа што други го напишаа она, што тие усно го изучија, но јас не сум себичен и отворено си признавам дека овие прекрасни правила не се моја измислица, ние им ги должиме нив на оние Французи, кои, завршувајќи го својот курс по филозофија, дојдоа кај нас да ни држат часови. okno.mk 123
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Останува само една алтернатива. Го „држиш“ својот сопствен курс.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Одамна, одамна, го имаше напуштено обраќањето кон господ, следејќи го меѓу првите атеистичкиот курс на Партијата.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
- А Теми продолжи да чита: „На снежните падини на детскиот комплекс „Бунец“ работат ски- лифтови, има ски- опрема за користење и работи курсот - Научи да скијаш...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
И од работа побарала подолго отсуство. А впрочем, курсот по антропологија што го држи на Универзитетот, и онака веќе го заокружила.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Сега им воведоа курс во училиште и некако повеќе го заинтересира од другите предмети, имаше поголема оценка...
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Работничка авангарда: Ептен свесен пролетер кој дома има библиотека со наслови од типот - Краток курс на СКП (болшевици) и како се калеше челикот.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Биле создавани неделни училишта, вечерни курсеви за возрасни, народни читалишта во Прилеп, Велес, Штип, Скопје, а во 1868 во Штип било отворено и првото педагошко училиште во Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Бургиба успешно го одржуваше франкофонскиот курс на земјата, но негуваше и одлични односи со САД, Германија, неврзаните.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Неговата посета на Самитот на неврзаните во Белград, како резултат неговата очигледна желба да се продолжи Бургибиниот курс во односите со Југославија.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Нели тој случај е затворен и казните се изречени уште кога тој престојуваше на оној според него непотребен курс со кој требаше да биде унапреден во службата!?
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Номиналниот износ на акцијата не може да биде помал од 1 ЕУР, според средниот курс на таа валута, објавен од НБРМ, ден пред усвојувањето на статутот, односно на денот пред донесувањето на одлуката за промена на основната главнина (чл. 273, ЗТД).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)