куршум (м.)
Абдурахман,куршум чиј наместо секогаш паѓал, најди му рамен во светот: без некаква мака со сигурност безгрижно гаѓал малечки птички во летот.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Оловниот куршум не погоди овојпат ништо. Сиот избезумен, мажи да паѓаат виде.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Од двете оружја се слушна пукање, и сетне два куршума со пискот зол излетаа, барајќи месо: едниот го сретна, и Кузман сети силен бол во рамото, кај одлево клучницата со зглобот лопатниот го крепи дел; а другиот во правта закачи, свирејќи злобно но без да сретне жива цел.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
И штом ќе го чујат на куршумот екот низ планини диви, ќе истрпнат многу.
„Локвата и Вињари“
од Лазар Поп Трајков
(1903)
А од кај ридот пукаат, се бијат! Свират куршумите!
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
ДЕПА: (упаѓа). Куршум ги дупнал, та ако нема заби од нив да не бара тие да му жвакаат!
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
А тука - зошто паднав ја? зошто ме куршум прониза, зошто ме земја притисна - за кого лудо загинав?
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
И куршум екна – пропиште онаа песна проклета. Стојана в гради погоди, смртна му рана отвори, замина, „оф!“ не испушти сред младост бујна, јунашка.
„Песни“
од Коле Неделковски
(1941)
ДАРА: (го носи револверот a му покажуе в рака само еден куршум) Што ќе урадиш... бре човече, само један куршум ти je останаја ...
„Гладна кокошка просо сонуе“
од Блаже Конески
(1945)
Офна како од куршум пронижан и изусти длабоко потресен: — Ти ли си, Петре, брате? — и почна да го бакнува по крвавото лице на бацко му Петре, којшто се онесвести од силната возбуда што го најде брата си во крвавата борба со „непријателот", за кого веруваше дека загинал уште пред три години.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И кога по судирот чкотна клечка ќибрит и го погледна убиениот непријателски офицер — како и него да го пронижа куршум, бидејќи во него го позна најблискиот свој другар од универзитетот во Марсеј, каде што двајцата студирале на една група, та дури заедно и во еден кревет лежеле цели две години.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Со скришен поглед се опули кон групата водарки и како од куршум пронижан ги наведе очите и го заврте тилот кон водарките, — го буцна магарето да повјаса да не го сретнат во тесното Мидово уличе.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Тој ден селаните молчат чекајќи кај трите даба пред село печалбарите што се враќаат да ги извадат пиштолите и секој да фрли по куршум.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Не го стори ли тоа за една недела – тебе те чека куршум!
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
„Престанете да пеете. Тој е пијан. Може сѐ да стане. Еден куршум, два, и готово.“
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Како да може со куршум да ја прикова за ѕид.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Стоеше неподвижен пуштајќи да го совладува непријатното чувство дека некој има куршум и за него.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Аџиите и забитот ги извадија пиштолите и ги навртоа во портата, но за секој случај, крајно претпазливи, се тргнаа еден лево, двајцата десно да ги избегнат првите куршуми во случај некој од бунтовниците да стрела.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Уште не застанат чу гласови и во истиот момент зафучија куршуми околу него.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Турците им беа на еден куршум далечина. И уште им се приближуваа.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)