лабав прид.

лабав (прид.)

Лабавиот колан на пушката му се лизна од рамо, долгата цевка се заринка во јагликата и не ја откорна, туку ѝ ги растури златестите круни.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Лабаво струеше низ него и го оддалечуваше од започнатиот разговор, од темното струење во тој разговор. Водата го разблажуваше неговиот мрак.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Лабаво е опуштен на мекиот стол, врз неговото вжолтено лице стои замрзната здодевност и рамнодушност.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Змејко лежеше во својата постела од неколку ложници од овчи штавени кожи, што го обгрнуваа неговото тело и просто како да ги извлекуваа од него сите болки на измореноста, оставајќи го издолжен и отпуштен; сосема лабав.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ги изнајде и трпките преболености на сите болки во своето отпуштено тело; ги изнајде и сите истрпнати морници по својата кожа, а ја најде и таа лабава апсолутна отпуштеност во сите свои делови, во која не постоеше ни најмалечка желба за да се направи ниедно, ни најмалечко движење.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
За да не заостане, брзо го измерка дрвото со поглед, ги наплука рацете и одмавна, ја закачи ссекирата во стеблото и кога ја тргна рачката да ја откачи, виде оти е лабава.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
На таквата порта не ѝ пасува резе, ниту ќе ја залости некој синџир лабав...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
тој распалил едно ситно: лиду, лиду, лиду, лиду, и ние играме, ама лабаво, ко кал за црепни да газиме, не ти носи душата да играш делнички и со пијани војници од таму си некаде, од мајчина им, не си за никаде, мочано време, и се нишаме небаре треската да не фатила, се правиме тресиопашки, скокаме наситно, а старшијата само ја ситни свирката и тогаш пукна пушка и старшијата ја олабави гајдата таа писна и занеме и во гробиштата влегоа други војници, кај ќе бараме и за овие кокошки, си велиме, и излезе еден поголем од старшијата, со едно кило петлици нареден, и вели: отечеството крвари, а вие играте, и колкумина имате српски војници, прашува, ами колку што забраа Србите, велиме, колку што им требале и броиме на прсти: Насте, Петко, Митре, избројавме дванаесет.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Ви давам што се нашло, вели Огнен Ѓорго, лабаво јадење.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На фронтот зборува само оружјето. Нема лабаво.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тој само се ниша, постојано е лабаво застанат, накриво свртен.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
По него се крстат сите: татко, мајка, децата... Нема лабаво...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сѐ добро, лепо, ама оружјето мора да им го собереме. Тука нема лабаво.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Бричот! Отфрли ја еднаш засекогаш неговата лабаво поддадена несигурна рака (па тој не умее ни брадата да ти ја среди).
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
И јас градев и тој сакаше да се гради, само што јас се бавев веќе со реализација, а тој со лабави идеи.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тој остана со поткрената рака, со собрани прсти во лабава тупаница.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Смеам да те врзам? (Ги врзува ракавите од кошулата одзади.) Те врзувам лабаво. Ти оставам надеж дека можеш да побегнеш. Ти таа можност не ја користиш.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)