ладно (прил.)

Во ќелијата навлегуваше самрачината, а со неа доаѓаше ладно струјкање.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
— Нека оди кој кај сака; вие гответе го јадењето! — ладно му одговори Толе и ги собра другарите да се напоручаат убаво „оти ќе имаме троа работа денеска" — им рече.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Летно време е, ништо не трае, затоа го кријам кај што е поладно.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе му влезе на човекот в срце и со ладно и горешто ќе го штипе за срцето. Ќе го тресе човекот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе удрам во нешто, ќе се подразбудам и пак одам. Месечината грее, ама ладно ме студенка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ладно ми е, велам, халодно. — Привикат, слушам, ќе се навикнеш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ја отворив портата позната, ги собув патиките, си отворив едно ладно, скопско, фридижирано пиво, се истегнав на фотелјата, го вклучив телевизорот, потегнав една добра, долга, рамнодушна голтка и ждригнав во моментот кога на екранот Боги запали цигара, вртејќи му го грбот на авионот кој заминуваше некаде далеку, многу далеку.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Меѓутоа, дури и кога се во прашање потенцијално шокантни, сензационални сижеа, Ворхол со разни постапки создава и одржува монотонија, најчесто со репетиција („Кога постојано одново гледате грозна слика, таа навистина нема никаков ефект“); потоа со дистанцирано, ладно бележење; со држење на средиштето на настанот вон објективот на камерата, т.е. со еден кастриран сензационализам (Blow job).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
- Малку топло место ладно предјадење, - се извинуваше Диовецот со престилката, - пред да дојде главното, телешки шницли. Сакате пржени или на скара?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Дај ни шише вино. - Црвено или бело? - Сеедно, само да е ладно. И кисела вода, ако нема сода.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Саве пипа по таблата, установува која фигура му е земена и вели ладно: - А, баш ми е гајле, си ми го зел топот, еве има друг топ надвор, ќе го наместам него.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Прогледај, поучен си, да светиш, созреан си, посложен си од фосфорот кој знае да свети ладно, зошто не е вичен да свети со топлина како тебе, како што те учеа од мал.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Голема желба во животот имам на струшки вечери поет да бидам на езеро ладно пиво да пијам на струшки ручкови у фаца да им ждригам Не, јас неможам во Скопје да седам неможам шмизли и шминкери да гледам запалив кола во Струга ја летнав да одморам душа од џунглата штетна Облеков шорц на плажа отидов Гавазова Сузе на кајче ја видов решив да пријдам го скршив мразот и видов паун тетовиран на газот
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Двајцата се ракуваа кратко, ладно и формално.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Ок, само ладно ѝ одговорив и ја замолив да ми се јави тој кога ќе се „освести“, т.е. кога ќе се почувствува способен. Знаев дека лаже.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Друм ми е перница, друм ми е постела. Ладно е, осеќаш ли? Иста крв сме. Талкачи.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Палтото ми остана во Охрид, утре ќе ми го пратат, па затоа те прашував дали си дома, веќе како божем надмено и ладно мрмореше.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)