лажлив (прид.)
А, бог те убил ѓаволска направо, а, парче и бурмиче не останало од тебе, вртешко лажлива!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Историјата на белиот, лажлив, менопаузен маж што сега ја води планетава, е историја на повторувано насилство врз хармоничните закони на природата, кои имаат за цел воспоставување на тиранија на материјалистите возрасни над нежните, мирољубивите, младите, обоените.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Лажливо нишанејќи со темниот поглед, изрони низ носот: - Значи, ти си тој!
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
- Ти, несреќнику лажлив, остануваш и понатаму во својата беда.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Исто така, до нив допирале и информациите за неискреноста на соработката меѓу ЕАМ и СНОФ бидејќи “словенските жители“ сметале дека тоа е „само стар волк во јагнешка облека- грчки добитен национализам толку добро познат и застрашувачки, лажлив и преправен во ликот на ослободувањето“.338
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Миха, кој уште со тапанот се научи еднакво да удира со големата како и со малата палка, небаре си го вртеше образот на ударите од животот, го прими својот успех наполно мирно, поправо онака прибрано како што ја прими татко му неговата диплома: дури не се чести ни со чаша пиво, а не пак да стави вратоврска на крута јака и да подигне пенлива шира во лажлива здравица.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Сѐ личеше дека гостите: како со трчање, набрзина, да заминале испивајќи го вкусното вино до последна капка. Сликата беше лажлива!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
3. Нерамна игра
Триаголниците поаѓаат од ист центар
квадратот го ништат, правиот злокобен агол
еве ја шестката – превртливиот
и бескрајно лажлив круг со кука
со јаречки рог на врвот
наполу слепи, наполу видовити
прстите кратат
очите врзуваат
но, ја преминат ли/
кревката мрежичка на видливото
заборават ли на Играта, Домине
ќе гргнат невидливите нумери
сефироти, корени и децимали
деливи и неделиви
ќе го скршат јајцето под конец
бележитото ќе го издвојат
и неверното
фикцијата од тристашеесетишест степени
ќе ја расцепат на две-три-четири
ќе добијат полутки
опозиции, ѕвезда до ѕвезда
квадрат во квадрат – круг
магија, вавилонска перла
ниска по ниска
алка по алка, ала – слобода.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
БИЛТЕН Ајде ред се редат мале Коцкаришта на шалтер Сите мале ги заеба Баерн 85 ДЕН +ДДВ Уклучив ТВ Гледав гачка И пљачка од лажлива гатачка
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Пливаш во парите, ја уживаш моќта но образот ти е избербатен беднику неподнослива реа се шири ко кочина од тебе лажлив контаминиран скоту Затни ја таа слаткоречива муцка биди за момент доблесен и признај колку ли гревови носиш со себе додека пред сите изигруваш светец
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Слободата е привид и лажлива курва а светот на модерно дивјаштво личи камшикот денес е софистициран со робовладетели ко ѕверови слични
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Но, ако се земе во обзир дека политичарите, партиските вождови нудат нешто повисоко, далеку од лажливите изрази на сцената, тогаш немаме ништо против нивната театарска инсуфициенција.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Несвесна пародија која го обесчестува човекот, лажат луѓе без чест, без лице, манипулатори, но тоа е морничава заблуда, стапица не за другите, туку за нив самите, порано или подоцна самите ќе се фатат, само што тогаш ќе почуствуваат гадење од самите себе, омразата уште повеќе ќе им расте, омраза кон сопствената мизерија која самите си ја плетат, како совршен простор за сопствените лажливи дела.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)