лезбијка (ж.)
Директор е во едно лезбиско кабаре, достоинствена дама.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
— Тоа се црните лезбејки, ми вели една постара криминалка.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Женски Петко, што се вели, лезбејка со тапија.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
После, којзнае колкупати ми идеа на сон. Црните лезбејки.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Местото е полно со лезбејки и проститутки.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Во тоа време гравитиравме околу Галерија 7 - која беше главно собиралиште на сите анархисти, параноици, SF-фрикови, луди поети, софистицирани криминалци, дегенерирани академци, филозофични еснафи, локални мутанти, несфатени педери и лезбејки, дрогераши, идни министри, префинети заводнички, евтини проститутки, агенти на CIA, опозициони заговорници, шизофрени мистици, подздебелени циници, фантомизирани кавгаџии, трговци на ситно, дилери со дрога, забегани научници, еротизирани тинејџерки, егоцентрични рокери и турбулентни панкери, кодоши на Удба, просјаци и по некоја заскитана кокошка од соседниот двор. okno.mk | Margina #26-28 [1995] 24
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Каде Германците ловат сабјарки со дебело бело месо а топлес лезбејките играат одбојка со цицки.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
- Да не биле тие твои латини, со опроштение, педери и лезбејки? Дивидејки и машкуданки?
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Во таа средина зборот „педер“ се третира како навреда, зборот „лезбејка“ како медицинска дијагноза, а секој обид за дебата завршува со тезата дека хомосексуалната љубов е неприродна.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Наркомани, педери, лезбејки, запознав професионални курви или модерно кажано, спонзоруши и сѐ така до опасни бизнисмени и мафијаши.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Па, така, значењето што лезбијките и геј- мажите го препознаваат во нив е мошне различно.17
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Основниот проблем што го имам со политичкото функционирање на геј-идентитетот денеска е што и при сите свои повици за јавно признавање и прифаќање на фактот за хомосексуалната желба (некогаш, да се знае, на штета на геј-сексот), официјалното геј- и лезбејско движење практично забранило испитување на настраните сензибилитет, стил, емоција и на сите карактеристични, несексуални облици на настраниот субјективитет, на афектот или на задоволството.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Моите студенти лезбијки и геј-мажи, вклучително и оние што подоцна го запишаа предметот „Како да се биде геј“, можеби биле баш скептични кон тврдењата дека некој обемен таинствен материјал во матните текови на американската популарна култура од далечното минато некако ја сочинува нивната култура, но не инсистираа дека геј-културата е апсолутно мртва.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)