лелека (несв.)
Но стариот легна во дворот и ги зачека клоците од забитот и војникот што зборуваше по каурски и почна да писка и лелека.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Беше оставен, еднаш за секогаш, сиот оној далечен јазел на безизлезноста; беа изболедувани во сета нивна полнота сите болки, беа преживеани до последната граница на врзувањето сите беспаќа, а сега беше останато само таа отпуштеност, која што можела да му биде и крајот, но која за него ќе мораше да биде нешто друго, со сево ова лелекање и одминување меѓу голите зимни дрвја.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Збунети жени трчаат нагоре-надолу. Викаат и лелекаат дека војници го запалиле селото.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Војниците ги симнаа кантите со бензин од камионите и јурнаа по куќите да ги штркаат: пламенот вивна и луѓето почнаа да лелекаат, да се раздвижуваат, да напинаат да го скинат обрачот, но војниците со бајонетите и кундаците ги натискаа еден во друг.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Ете што ме најде сега, викам, лелекам и ги бркам другите деца да не ѝ се доближуваат на Роса, да не се префатат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Тажачка, редачка беше тоа. Му стои на главата и не се помрднува од детето. Од Ѕвездана мој. Лелека ко човек.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И едно фати, друго фати, ми ги зема од раце и ми ги свртува во клобурците, ги понесува. Јас лелекам, се траштам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Длабоко навредените, оскрбените, грешниците, покајниците, осамените, јадосаните, очајниците, неутешените во љубовта и во загубата на најмилото, луѓето исправени пред неизвесноста и ризикот на следниот чекор, животните корабокрушеници, - сите, сите доаѓаа тука и на дивината наоколу, на небесата над Потковицата, на овчарите и на случајните намерници, лелекајќи гласно им ги доверуваа своите тајни и несреќи, своите болки и загуби, своите намери и решенија.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Во дворот Јанчески дотрчаа жителите на Потковицата и никој, освен Турците, не веруваше во приказната што лелекајќи низ дворот ја огласуваа Јанческите: Руса нивна во визбата, на некоја шајка, си го огрубела лицето, за малку и виделото ќе си го осакатела, но и никој не ја оспори гласно.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
А кога во време мала пладнина оттаму, од гората, се разнесе лелекањето на старецот (лелекаше и молеше тој за христијаните паднати во бојот со Турците на Марица и за сите христијани паднати во боевите со нив, лелекаше и ги колнеше Јована Кантакузен и Григорие Паламас, кои, за да се одржат на престолот на веќе разнебитеното византиско царство, се сојузи со нив, со поганците, а тие, пеколниците, кога се нашле едноаш на небранет пат, пред ништо и пред никого немало да запрат додека сѐ не изгореле и не испоганиле) сите го ожалија; си рекоа старецот, оставен сам таму во орманот, се поштукнал од умот и сега гласно си го кажува тоа што не смееше ни да го шепоти додека си беше прикрепен на умот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Облаци златокоси, дождови темнооки, Таги мои извишени, ноќи најглобоки, Што ми бегате штом ве иштам Дури лелекам, дури пиштам Од болки-додолки, од маки мартинки, Штом се стишам кога дишам Темното штом го рисам, За да светнам и да летнам, Како птица небесница, пеперуга златница Како миризлива стих-латица Како ѕвезда крилатица?
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
И после, секој ден моето лелекање да си го слушам од далеку.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Лелекаше силно, и го бацуваше татка си во ковчегот и не им го даваше на луѓето да го спуштат во гробот.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Ништо Анка не можеше да го успокои: лелекаше на глас чувствувајќи силна болка и вина во душата - дека тој давајќи му ја ракијата за да го успокои - го отепа.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Ги слушаа нејзините придушени лелекања.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Артикулацијата на сопствениот интерес (освен ако врескањето и лелекањето не ги сметате за тоа) ни оддалеку не е проста работа.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Сите лелекаат дека никако не можат да го сфатат и тоа ги вознемирува.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Тогаш мојот хипнотички поглед го меша со мислите и страстите: Константно и директно се џари, Нема потреба да се умилкува и додворува На својот слуга за бакнеж, Нему, кој е сопственик на ужасите, Кој ја познава матката на отровницата, Пегава и одрана со црно, На рѓосаната вага на амбрата, Неговиот гроб - Затегната направа за мачење што предизвикува тага На која тој лелека - лелека!
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Имаше и други моменти, кога беше решен да не признае, кога секој збор мораше да му биде изнудуван меѓу два лелека од болка, а постоеја моменти и кога немоќно се обидуваше да прави компромиси, велејќи си: „ Ќе признаам, ама сѐ уште не.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Винстон завиваше и лелекаше, залудно барајќи храна, беснееше по собата, фрлаше сѐ што ќе дофатеше и удираше по дрвената облога, сѐ додека соседите не почнаа да чукаат по ѕидот, а за тоа време помалото дете секој час заплакуваше.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)