лигуш (м.)
Ме топлат со дишењето што им мириса на изџвакана трева, на преживана лигушка.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Лигушки му течат од устата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Јас во гној газам, ќе му речам, а ти женски лигушки собираш!
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Сакам да стане човек, разбра? А, не, лигуш и неранимајко!
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Германија, заедно со „тој лигуш“, нејзиниот директор, сакаше да го направат будала, да му подметнат копиле.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Кога барем, помисли Едо, би рекла „за тој лигуш“ за каков што тој во својата озлобеност го сметаше.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Но изгледа не беа тоа вампирите што тебе ти се прикажуваат. Некои сосема понормални лигуши.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Метакот имаше огромен анимозитет и кон смрдливата скотска шема, хиените, конформистичките мекотелци, музичките лигуши, медиокритетските ајвани, партиските подлизурковци, покондурените сељандуришта, дебелогазните професори и политичките мршојадци.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Уште поотпосле, требаше да разбереме дека човекот, всушност, е полжав – ем лигуш, ем кога тогаш си ги покажува роговите.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)