логораш (м.)
Еј, жени, женшини, вика еден логораш, а цела ордија луѓе врви преку него, го гази човекот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Логорашите ги врзале стражарите и ги нападнале жените.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
— Еј женшини, шепотат логорашите, си плукаат во рацете и ги подаваат по нас.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Патува со семејството и други логораши во германскиот белзенски транспорт некаде кон Дрезден или понапред кон никаде.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Александар подоцна сфати дека тоа е униформата на логорашите.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Ги следеше посмртен марш, се упатуваа кон отворена гробница околу која беа старите превоспитани логораши со лопати живи да ги закопаат...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)