маратонец (м.)
Маратонец, сила жива, побрз бил од полжав гол.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Се почувствував како маратонец кој шеесет години кружел околу Езерото, со својата порака во рацете.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Но јас бев среќниот маратонец. Го стигнав враќањето.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Впрочем кога човек ќе истурка еден сонувачки век Најнакрај има право малку и да се разгаќи Да ги пушти соновите да се нишаат по езерската шир И да ги крепат охридските маратонци А и другите пливци и скокачи во водени сонови
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)