масивен (прид.)
Мислеше, приближувајќи се до стеблото, на своите раце, мислеше на својот чекор, продолжуваше да сеќава некаква неизбежна радост, некаква неизбежна тишина, што му го опфаќаше целото тело, а за сето време загледан само во тоа масивно стебло, целото извиено, вивнато нагоре и смирено под беличестозеленикавите висулки бради, со кои што беше обрастено по корубата.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ограден со високи камени ѕидови и масивни дрвени порти, имотот претставуваше војнички предизвик за Турците но во истата таа мера се чинеше и неосвоива, па тие не го нападнаа; го заобиколија и дојаваа овдека, во Дупка.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Не зборуваше со бесот и непријателството што се беа собрале меѓу неговите масивни ѕидишта и кули, ниту во неговите поплочени улици и тврдини преполни со механизми.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Погледнете ги куките на грабливците, тие смртоносни чешли кои целото тело на животното го претвораат во челуст, или осамените и масивни нокти на коњот, чија концизност сведочи за исклучителната но усовршена намена на трчањето.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
За Ботеро, По и Валери на сликарството!, цврстината ја означува густината и сврзаноста, тој создава еден свет во кој може да се биде отворен, тежок и опширен без да се впадне во масивност, во кој „празникот на формата“ ја организира хармонијата на површините.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Масивната цврста врата шупликаво одекна низ празниот ходник.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Сака да знае што има во тие нови таблети пред да ги пушти на улица, иако лабораториските извештаи нема да ги добие пред да мине една недела, поради што ќе го испушти главниот пазар за Екстази: утревечер, Сабота, се одржува Digital Overdose забава на која ќе дојдат 8.000 рејвери во масивниот спортски комплекс на крајот од градот.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Неговото масивно лице, наведнато надолу така што се гледаше линијата на носот, изгледаше истовремено и грубо и интелигентно.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Дури и масивното лице на О'Брајан беше светнато.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Масивното, строго лице и четирите прсти го исполнуваа целото негово видно поле.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Плаче како мало дете. Неговата мајка вади марамче, ги брише неговите солзи, а потоа и мрсулите кои потекуваат по неговите масивни мустаќи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Лево масивно биро, телефонски апарати, радиостаница, десно долга маса покриена со црвено платно, наредени столови – за членовите на тесното политичко и воено раководство.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Бил кимна со големата глава во правец на кулата со екранот, која сега личеше на гранитна шахта, но која всушност беше дрвена рамка потпрена на масивна основа од ѕидана конструкција, бочно обложена со танка цементна кошулка.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Како бизнисмен со пура и коњак во раката, ја изговорив занесено последната реплика, за време на елегантната опсервација на масивната компјутерска маса.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Доцнењето од кафана тој мораше да го компензира со темелна масажа на нејзиниот масивен грб.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
„Сега ја имам в скут,“ шепотеше искуството на Шефот кој таа ноќ задоволно ги триеше рацете, опуштен во масивната кожена фотелја.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
На предната страна од куќата имаше тераса до која водеа масивни камени скали.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)