мачор (м.)
Мачорот како и секогаш си предеше а Славчо гледаше по ѕвездите.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
- На мачорот му викам. Нема врапче, - ѝ објасни Мишко.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
А јас, мачор Перо, слушам како таа ме фали и ми е мило. Ме разбираш ли?
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Кога огнето ќе ја надминеше таа граница, тој ќе го распреташе и тоа стануваше пак онака тивко и затлеано, како питом, мачор.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
И неговото сламено мече, кутрото! И мачорот Фигаро! Хм, ќе го фати ли?
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Ние пак ќе вариме за твојот мачор и за твојот петел. - Добро.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
- Мачорот Фигаро... – прошепоти Зоки, но знаеше дека децата ќе му се смеат. Та мачорите не јадат чоколадо!
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Шумата беше далеку, а тука, на сивите стреи со сиви оџаци, скитаа мачори и ја чекаа ноќта за да ги ловат ѕвездите и да ја плашат месечината. Сепак шума не нацртав.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Белиот мачор се печеше на сонце под стреата и задоволно предеше.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Трајко не остана поназад, ама и на Миша ѝ светнаа очките како на мачор в темница.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Отиде во соседното село и донесе мачка и мачор.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
- Многу сум извалкан, кога ќе нѐ бањаат? - го праша еден ден Мацко мачорот, со кој се беше спријателил.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Но, гладот го мачеше и тој, сака- не сака, тргна по селскиот мачор, кој своето име Ловџија не го беше добил без заслуга.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Ќе ја лапне, си помисли Цивко, и во мигот со сите сили се стрча и му ја прегриза опашката на Мачорот.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Старата жена која минатата вечер говореше нешто, всушност разговараше со својот мачор - безпризорник...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Се гледаме ко мачка и мачор.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ќе грчне некој мачор, а Оливера ќе рече: Еве ја Толи!
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Го чувам овој миг за моментот кога мачорот ќе ѝ ја префрли на мачката и десната нога и кога, како што замислувам, силовито ќе ѝ го з'ркне.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
На моите раскажувања им веруваше само Чом, мачорот на Стрико Шило.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Ти тогаш му ги тегнеше мустаките, се разбира не на татко ти туку на мачорот, а тој ќе мјаукнеше и ќе избегаше дури на багремот.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)