меана ж.

меана (ж.)

– „Ах, јас сиромав, си рекол сам со себе, дали така ми било речено, наместо од прасе месо да јадам понапред, сега си јадам жаби; наместо јагули и риби напред што јадев во златниот град Прилеп по ладните меани, сега си јадам гуштерици и кауѓерици.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– „Ако се раздени, ќе ти кажам јас тебе клетва ќе добијам и друзи маслаати што ми ги кањараш ти мене, си велел сам со себе Силјан, дури да си појдам в град, да ќе ме видиш ти овде да ме тераш ти на жниење на оваа силна горештина, бидејќи има в град ладни меани, да седам и ќеф да терам со граѓаните.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
НАЦА: Се свратил, безбели, в меана, да тргне една-две чашки.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ване пие в меана. Се готви да дојде и да го меси Арса.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Прв сокак - црквиче, камена печурка забуцана в земја, втор сокак - чадлива меана полна со матна светлост и нејасни ликови, трет сокак - дрво, опашан со висок ѕид од плитар.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Да знаеја чалгаџиите дека му свират на утрешниот свршеник на Викторија, бездруго ќе му ја испееја и песната на нејзиниот дедо, кој истурил, по битолските меани, крбли злато од мерак по убавата Еврејка... Но не знаеја.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Меаната секојпат е отворена за стрико Грујо, - рече момчето и ги поведе гостите внатре...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Не. Уште не дошол од меана, - одговори Руша.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Од меаната се зачу народната песна: “Дафино вино црвено, момчето ти е заспано момчето ти е заспано на Каракамен планина! Тука помина четата, гунчето му го зедоа... “ Во меаната одекнуваше веселата песна.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
По два дена го наоѓам Дуко Вендија. Во меаната од Доксима Тренчески.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Влегуваме во меаната од Доксима Тренчески. Доксим рипнува и нѐ пречекува, се смее. Вистина кисело, ама се смее.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јон ќе појде на меана, а Уља, скришум, ќе дојде, ќе ми донесе иљач.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Беше есенска вечер, студеше, а јас зачитан седев крај огништето и со песните за Крали Марко ја шетав Стамболската чаршија, влегував во ладни меани, делев јуначки мегдани...
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Може тој, како што беше налутен и ошумоглавен од виното ќе отепаше некого, но само го бутуриса Хаџи Ташку од патот и заедно со другите потковичани си отиде од меаната.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кога седнаа да вечераат, во меаната се најдоа и некои џамбази, измешани хрстијани, Турци и Ѓупци, и почнаа да бијат шега, првин со сите потковичани а после само со него, со Лазора.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А таму, на ан кај Стомнаровци, откако ги отспретнаа колите и откако ги врзаа коњите во пондилата, во меаната на штрек чекаа да дојде Аџи Пано, стрико Максимов: по него, за да го извика, Максим го испрати калфата Стомнарски.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Под рацете веќе му беше бутнато некое друго лице, модро-црвено лице на пијаница, со бели трепки, одвратно на допир, облеано со пот, со испарувања на алкохол, црно кафе помешано со рум - подготовка за наркоза, скришно пивната во меана заради охрабрување.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Прескокнував полиња и планини со Шарецот на Марко Крале, влегував во студени меани, кршев синџири, ослободував робје...
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Сетне бев кираџија, па посетне држевме со брат ми мала меана во Маказар.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И кога најпосле решил оти е подобро да се врати дома одошто да ака по Штабот кој можеби веќе и не постоел, свртил кон меаната под Овчеполска станица, да се освежи, како што рече, и ете, за белја, наишол на цела колона војници, загубени во полето, или едноставно заборавени од нивните старешини.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Повеќе