медијација (ж.)
На првото рочиште за главна расправа странките, меѓу другото, се должни да се изјаснат дали се согласни спорот да се реши во постапка за медијација (чл. 436, ст.2 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Имено, парничната постапка, меѓу другото, се прекинува, и кога: – двете странки тоа ќе го побараат заради решавање на спорот со медијација или на друг начин (чл. 200, ст.1, ал.5 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Судот е должен, во споровите во кои е дозволена медијација, заедно со поканата за подготвителното рочиште [или за прво рочиште на главна расправа] да достави до странките писмено укажување дека спорот може да се реши во постапка за медијација (чл. 272, ст.2 и чл. 436, ст.3 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)