медуза (ж.)
Рацете предавници се притаени медузи и не се стиснати со грст да се срка од нив водопадот на небото.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
А оние пак, суштества кои воопшто не знаат за половото општење, туку се размножуваат со делење на клетките се вечни, бесмртни; како: медузите, коралите, сунѓерите и други.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
промени промени - како на медуза - јас сум госпоѓицата осуденик - во непознатите дрвја - таа залудно талка по изгубеното клуче каде е клучето - каде е слободата - недопирлива во далечините-
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Морето мирисаше на давеници, медузите беа накострешени, сини блујаници на брановите – ги прескокавме со здодевност.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Прескокнавме уште една медуза. Се прегрнавме многурачно – со стисок - грч, ние двајцата – чекај, остани!
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Ако некој се наведнува преку прозорецот
од другата страна на проѕирниот свод
меѓу вообличеното и невообликуваното
значи: Нептун се наведнал
Посејдон посегнал, стрепел страотно
китот убиец во височините се нурнал
свикнат на дно, на бездна
свикнат на најкусиот пат
до центарот, внатрешниот круг на Психе
до замислената точка, мигновената морфема:
едната глава на едната, другата на другата
страна, оностраната
медузо, пијавицо осмоока
стовариште за back-up фреквенција
за реставрација, свргни ја од власт
формата, поведи двобој
восторжи ја публиката, гледалиштето
дејството изделај го зад кулиси, класично
спушти го пердето, занишај ја сцената
оддалеку навева Вишниот
виши, виши вишнее
а под него тлее
водена артикулација – Сѐ.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Сопругата медуза има да се наужива затоа што ќе може да го гази по грбот цел месец како гејша, а тој под неа да завива, ’ко во сексуален занос.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)