месечар (м.)
„Мислевме не ви е арно.“ „Можеби и не ми е арно. Сепак јас ништо не чув“ , уморно ги дочека. „Поправо јас ноќе никогаш ништо не слушам. Месечар сум.“
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Измисли бесмислица и тихо смеурење: месечари од цел свет, излупете го месецот како диња и загризете во него во името на вашето спокојство.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Тие веројатно и не знаат што е месечар и не сонуваат смрт под палмата на Никола. Можеби не знаат ни што е палма.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Можеби И во мене навлегла заразата! Што сум јас тука? Месечар, лудак?
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Тогаш, еден по еден, тие пак настануваа како месечари и си ги зафаќаа своите места на прозорците, сите со по еден грч што ги правеше голи, стегаше од под очите и им ги дигаше тие делови од лицето нагоре, нагоре.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Сите сме месечари, вели.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ти сосема јасно одговараш на прашањето во пасусот наведен подолу, во кој е очигледно дека штом ти си повторно уверен дека Серл сигурно станал месечар, кој веќе не е во можност да ги одбие менталистичките атрибути кои што сме навикнати да ги проицираме на нашите невини компјутери (коишто не се во состојба да укажат дека нема никој дома и дека атрибутите се затоа лажни), тогаш проекциите повторно слободно протекуваат.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Што ќе му е нему таков неранимајко, будалетинка и месечар.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Турците, кои избегнуваат алкохол, ги прифатиле со радост овие семиња и ги приготвуваат во најсвечени седенки, но тој смета, кашлајќи забележа дубровчанецот, тој смета дека оваа пијачка наскоро ќе се служи и по ановите и по меаните, а особено меѓу оние што се нарекуваат поети и кои главно, и во неговиот Дубровник, ноќе ги пишуваат одите на своите љубени, и како месечари ланѕаат на месечина, пијани од љубов и изветреаност.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
4. Заборави дека некогаш сме се разделиле
мисли на времињата кога сме се шетале
како месечари низ светот на копнежите
кога душите сме си ги испраќале видовити
над некое непознато море да се љубат
ноќе, кога сонот ни гледа во ѕвездите
– сите нѐ стрелаа, само вечноста нѐ погоди.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Ќ и неговата љубена беа дебели. Можеби затоа луѓето наоколу зборуваа дека Ќ станал месечар откако ја бакнал за прв пат. Или можеби не.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Тој се движеше низ сите тие нешта како „заспан возач”, управувајќи со природноста на месечарите кои ги користат своите нозе.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Таа се движеше повеќе потамина, како месечар, бидејќи местата, патиштата и патеките одамна ги знаеше напамет.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Потем сал туку се излежуваше по дома, си остана младоженец без невеста, едно време се пушти глас дека станал акробат и ноќум одел по жица како месечар, филистејците се такви, на спасителите им подаруваат осаменост, им го нудат и кошмарот на заминувањето од родната грутка – барем сега не се талка со месеци по морињата до Австралија и Нов Зеланд, а ако е до пустини и таму има пустини, но децата таму не чуле за прачки, не виделе дренки и шумски малини, децата таму се далдисани во компјутерски игри.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)