миловиден прид.

миловиден (прид.)

Ја тешат ко миловидни ластовици, ја делат од трупот студен, толку мил.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
„Ама мене кажи ми!“ му се обеси таа миловидно на мишката.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Дубровчанецот уште не доврши, а веќе вадеше од кожената торба на колкот помалечко книжуле, нешто поскромно украсено, но миловидно во своите метални рабови.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Имаш широко срце и подготвен си да им помагаш на другите. Освојуваш со миловидноста! Немај гајле!
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Така јас станав миловидна лажга која почна да си верува на сопствените лаги.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ги вртат ладалата и со ситни чекори оддаваат внимание на некоја чудна миловидна, невина елеганција.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)