мислител м.

мислител (м.)

Ноќта ѕвездена, денот темен, Темното денот го слави, Со пожари и поплави; Со таги, врз плаштот земен На кој се накотиле и сплотиле Болки и рани, неразбрани Поети, мислители, исцелители Врз, тајните на животот задумани, Склупчени среде денот темен, Заборавени, во тага оставени Под небото ѕвездено-извезено Од знајби, мисли и умности За да редат убости молитвени Со кротка благост изустени.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Тука е и крај на записов што не е и што не можел да биде расказ за селото на каков нѐ научил нашиот писмен мислител.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Затоа Кирил Сукаловски, Дане Долгманов и Самуил Пендуш со одобрување и со почит на малолетници пред прославен мислител гледале во неговата издолжена става на куси нозе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Никој ништо не им кажа, никој не им дојде, пријателски и мислителски да ги измери со очи: не изеле толку фурни леб за да го фатат бегалецот со обетка на уво.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И тој и селото и ридиштата наоколу биле фатени во обрач на мрак зад чија граница можел тогаш да се стеснува нов обрач на онбашии, заптии, јузбаши, чауши, кајмаками, мулазими, кадии и секакви одбрани стрелци и мислители на царството, повеќето со измеќари, соколари или ќати, но сите со кубури, со долги или краткоклуни пушки, со јатагани, анџари, џилити и наџаци на чие железо со златни или со сребрени нишки е запишана муслиманската покорност пред пророкот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Додека останатите мислители и поети ги величаа мистериозните длабочини на германската душа и настапуваа како рушители на универзалното, тој се осмели да изјави: „Сеопштата трпеливост најсигурно ќе биде достигната доколку го оставиме намира сето она што ја создава особеноста на различните човечки единки и различните народи, сè останувајќи убедени дека дистинктивната црта на сето она вистински вредно се содржи во неговата припадност на целото човештво”.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
По мое мислење, може да постои ист таков разговор меѓу мислител или филозоф и научник.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Познато ви е дека за Хајдегер постои паралелност помеѓу мислителот и поетот.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Ете зошто Гете ги повикуваше поетите, уметниците и мислителите да исчекорат од националните рамки во кои, соодветно на барањата на Хердер и неговите ученици, требаше да бидат затворени.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тој е денеска жална пародија на некогашниот „мислител на подиум“, промискуитетниот палјачо на јавната сцена.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Книгата ги скандализира психоаналитичарите, и оттогаш Делез речиси непрекинато е во фокусот на медиите, како контроверзен и провокативен мислител кој отвори нови „илјада платоа” на мислењето. »
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Епименид, критски мислител, на времето лансирал едно бесмртно тврдење: „Сите Критјани се лажговци“.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Мислам дека немаше директно учење туку размена со другите мислители.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Најопасната идеја е оној лудачки, мегаломански поим ЗНАМ! што го дефинира робувачкото човечко суштество како мислител.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Враќањето кон земјоделското минато, како што сонуваа некои од мислителите на дваесттиот век, не беше практично решение.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дискусиите што ги водеа секогаш започнуваа од размена на фактографски податоци и импресии за книгите што ги прочитале и филмовите што ги гледале, за потоа да прераснат во филозофски расправи за суштинските нешта – животот, смртта, постоењето или непостоењето на Бог, релативноста на љубовта, вродената добрина или злоба на човечката природа, предодреденоста на нештата и што уште не, оти тогаш за себе веруваа дека се новите големи мислители.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Таа единствена реченица, веројатно единствена и во вистинската смисла, излезена од неговото перо, беше достаточна да му придаде во моите очи на својот автор ореол на мислител.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
И недадејно, додека лежи и ги гледа сенките на луѓето од својата солунска паства, кои со денови и ноќи во кои тој око не склопува, еден по еден, поминуваат покрај неговата постела, и можеби зашто е тифусар, само фрлаат поглед и го одминуваат, не одговарајќи на поздравите што тој непрекинато им ги упатува кимнувајќи им, најнапред со глава, потем само со уморните очи, на сите, без оглед на возраста и на статусот: на членовите на советот, почитуваните рабини, солунските амали, манави, ситни дуќанџии, продавачи на риба, мислители, лекари, интелектуалци, новинари, хакхами и шамаши, кошер-касапи и хазани, продавачи на благословено вино, читачи на респонси, и сите, илјадници и илјадници, поставувачи на едно исто, немо прашање...  Главниот рабин не сака повеќе да ги гледа.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
При што никому од тукашните главатари не му текнува Да поведе сметка и за нас коалите Па на секој новодојденец да му наложи при цапнувањето во Австралија Да засади макар по еден еукалиптус За ние да можеме безгрижно да сонуваме И да си ја исполнуваме својата мислителска мисија А не да ни ги скусуваат соновите и од нашиот еукалиптус Уште да прават и некакви бонбони за шмукање Божем нема со што друго да го лечат народот од грлоболка Ние коалите не сме злопамтила Ама вие сега видете каков тоа човек создала работата И дали е баш вистински човек оној кој на коалите им зема дел од еукалиптусот Таквите во Македонија ги викаат човеци Некои од нив доаѓаат од стар крај со навики да крадат дрва за огрев Ама и кога крадат барем крадат дабови и борови а не еукалиптус
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
19. Му верувам зошто да не му верувам на Чарлс Дарвин Дека ние коалите сме можеби најпознатата врста дембели Добро де и оние Црногорците на Балканот биле во мртва трка со нас За нив не сакам да си ја грешам душата Ама за нас коалите бев чула дека ако крстителите Немале пошироки погледи на светот И ако ги гледале само нашите навики Австралија можеле да ја наречат и Дембелија пу пу скраја да е Туф туф врста дембели А што сме мислители и сонувачи никому не му е гајле Кога секое суштество е дадено на многу мислење Нема многу време за работа Сега некој зајадлив ќе рече кој работи не мисли Или колку повеќе работиш толку помалку мислиш Други зајадливци ќе речат дека работата го создала човекот Не се сеќавам добро ама некој како да ми рече дека тоа е цитат од Маркс
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Повеќе