мистрија ж.

мистрија (ж.)

- Крај нема! Одговори Трајан замислено и ја остави мистријата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Аргир ја крена мистријата и удри со неа неколку пати во железото.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И сѐ додека раката може да ја држи мистријата и окото да мери со пљумчето и додека животот се реди од сурови, неправедни и алчни луѓе - мајсторите нема лесно никого да пуштат да застане до нив на скелето.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Беше тоа еден од оние ситни ѕидари, кои никогаш не се одделуват од чекичот, мистријата, висакот и поличето, и на кои тоа никогаш не било во состојба да им донесе многу, сѐ до еден ден, кога...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И го слушаа како помина крај сите нив и како се доближува до своето легло, потем веќе и како си ја зема својата вреќичка, како си ги става во неа токмакот, мистријата, пилата, висакот и неколкуте клобариња конец, а потоа и како си заминува со бавен, изморен чекор.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Извитканите фотографии на кои стоиме заедно со дедовците на брегот, Крстот од своето дрво на полицата, Заклучените долапчиња во гостинската одаја, ’Рѓосаниот меч фрлен во градината, Мистрија на мајсторот, Големите бајраци што ги оддиплуваа на свадбите, Огновите летна ноќ в планина, Шкрипењето на портите рано во сонот, Третото венчавање на старецот од соседната улица, Првата прелага на вереничкиот прстен, Пладнето кога заминуваа некаде војските, Сѐ, сѐ некако одеднаш исчезна,
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Си ги зедов фанглата и мистријата, да ми се живи, си реков и продолжив да си работам како што си работев и пред тоа, мирно, спокојно... - ја чепна Илко со клечката лулата, ја разгоре, почна да трга и да исфрла кругови од чад што се распарчуваа низ одајата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
При секое погледнување во тие белини, Богдан го обзема силна возбуда; по телото му врват благи трпки и му се искачуваат во главата; го чувствува движењето на крвта во него, а рачката од фанглата и мистријата му се навлажнуваат во рацете и потреперува.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Тој и самиот ја земаше мистријата и малтарката и малтареше, „Да не остане“, како што велеше, „ни ѕирка ни проѕоирка“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
ЕВТО: (Зема малтер во мистријата. Се крсти. Фрла малтер врз фреска.) Мислиш?
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Стави тула врз него и ја истапка со рачката на мистријата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Даниел ја избриша мистријата од ногавицата на своите панталони.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Да... Таква војна би сакал... И ви велам: мистрија, чекан, шајка и метро никогаш повеќе нема да фатам. Само ќе одморам.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А, вие, будалаците, би рекол, жими вера, опашајте ги мистриите и скепарите и ајде, ојте по селата камен да делкате, куќи да градите...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Со нашите скепари, чекани и мистрии ќе го разубавиме векот...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)