млаз м.
млазен прид.

млаз (м.)

Зимаа стркала топка од бели мисли но ти не извика топла е студенината на снегот Па сега без прекин чекориш по тенкиот млаз од светлината што како пат виножитен се распнал меѓу погледите и води во густата жижа на едно познато молчење Се чудиш зошто се гранките во превезот румено бел проѕирни како мирната и широката мрежа на очите Но колку и да се надвесени тие над мртвите води сепак би те грабнале на раце
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Гледај, рече дрвеното лежиште, и тој виде: џиновски стебла во златноцрвени облеки го држат небото на своите плешки и полека се ослободуваат од својот мртов товар; сончевите млазови бавно ги погребуваат лисјето.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Се мислам како би било: лежам под вимето на ноќта и цицам зелен млаз. После завивам во мрак как мрак.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И долго, долго да нѐ чека крупното буре на ноќта остриот млаз на денот да го пробие да бликне еден бел пат широк пат што ќе го однесе од тука.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Шума, шума... Од гранките како смола капат сончеви солзи, густо, една по друга, како млаз.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Застана крај првата улична чешма и ја стави главата под студениот шумен млаз.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Пари и љубов, ќе се зачудат тие. Од грлото на Јана ќе шибне млаз смеа кога ќе се заврти кон првиот на масата.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Лепливиот млаз на времето споро течеше крај нив.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тресок. И светлосен млаз го удира во очите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тоа лице со преклопени клепки, како да тажеше, му се исповедуваше на светлосниот млаз што го поврзуваше осаменото момче со она, длабоко надвор од овој строг мир од ѕидови, потиснатост и мрак.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Од ноќната масичка, светилката ја осветлуваше перницата со нежен ореол, кој во бледожолт млаз дотекуваше низ мракот.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
И шуркањето на килибарниот млаз од чајот и танкото тропање на лажичето во шолјата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Целиот фрлач во еден млаз се празни.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Педантеријата на моите соседи – млазот од цревото, сунѓерот и л’скањето на шофершајбните.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Млаз од пареа ја пресече маглата отфрлајќи ја настрана.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Надвор пред масите на кафулето стојат ННО-овци (Непоправливо Неутрално Оштетување), долги млазови мрсули им се цедат низ брадата, цревата им крчат; останатите свршуваат гледајќи ги жените. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 17
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во последниот грч, голем млаз сперма прска врз црвената заднина, како ѕвезда која паѓа.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Млазот ѝ се расцветува меѓу нозете. Пукнатината ѝ е вцрвенета и задоволна.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Бароуз опишува сликовити пејсажи, детализирани социологии на имагинарни племиња, халуцинантни градови, научно-фантастични млазови на топла пареа од сребрена сперма исшприцана од Венеријанските трансвестити со платиниумска кожа... И така натаму.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Ама, кога погледот му затарашка понатаму од куклата, кога на некаков плафон над нивните глави здогледа дијамантски лустер, што расфрла млазови светлина во разни нијанси усукани едно во друго, а под лустерот елка накитена со, исто така, живи ѕвездички од бесценети камења, тој полека, полека се подигна.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Повеќе