модерност ж.
модерен прид.

модерност (ж.)

Можеби модерноста е она систематското, било во својата совршена форма, било во својата фрагментарна форма на пропаѓање или руина.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Значењето на изработката на формалните работни модели не е во модерноста на изумот бидејќи веќе од третиот милениум пред новата ера постојат глинени таблици врз кои се впишани знаци што ги препознаваме како модели за канализациски работи.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Појавувањето на „буржоаската јавна сфера“ во раната модерност е претставено од Хабермас како позитивен чин.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Доцната модерност доведе до пропаст на јавната сфера.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)