молитвеник (м.)
Крај портата две христови девици и два молитвеника. Две деца продаваат свеќи. Од олтарот: воскресение.
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Две румени христови девици се радуваат на воскресението од молитвениците.
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Му се обраќаа довикувајќи го - црвената треска што трепереше во водата, - разголените гради на нашите жени, - молњите скриени во молитвениците на монасите...
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Сите со столетија кои влегувале и излегувале од пештерите на Адам; од мигот кои правеле вечност и од вечноста миг; од древности кои собирале ѕвезди во пустината и сушеле месечини по планините; сите кои се пресоздавале во камења што летаат на своите страдања - се раѓале со молитвеник в рака.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Чудно е зошто не замолил да биде насликан нејзиниот глас што момчињата го носеле како молитвеник во рацете.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Марин Крусиќ, по години отсуство поради болест на коските, сега почесто се задржуваше во Скопје, каде во истовреме помагаше околу поправањето и доградбата на Куршумли-анот, та имаше можност да се среќава одвреме-навреме и со својот стар пријател кој крај езерото му купи една од библиите на германскиот златар, а и еден Молитвеник на кирилица.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
За тоа време ибн Тајко одеше редовно кај струшкиот поп, и секојпат кога ќе му донесеше младо пастрмче за мезе, го тераше да прочитаат по нешто од Молитвеникот, и така научуваше од него по една нова буква.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Затоа е овој Молитвеник нешто ретко и скапоцено, и за тие десет аспри воопшто е срамота да се размислува.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
длабоки ископини леи нива сепак ровови железни птици бучава луѓе зелена боја лице маслинови гранчиња чизми шлемови куќарки вреќи песок писок на деца на жени плач делови екстремитети старци глави прошетка без тело мршојадци храна конзерви знамиња шарени искинати ветер вее чад пламен чад пламен куклен театар отсечени глави поле посеано мини калинки оловни зрнца искинати страници свети книги молитвеници љубовни писма парички објективи камери од небото бомби микрофони од небото храна гребаници лице исекотини раце истуткани фотографии плускавци стапала урнати мостови нејасен шуштеж радио станица не музика нејасни наредби пеплосани амајлии урнати мостови немој! немој! бело знаме Тресна на подот и повеќе не гледаше никакви слики.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)