молскавица (ж.)
Мислел дека ќе се смири, ќе се допокрие и ќе му се врати со морничавење на сонот, на кошмарот од кој веќе не можел да се ослободи ни буден, со воздишка од која студена молскавица ќе го жегне преку душникот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Под налетот на таа светлина, далечното биење на молскавиците изгледаше бледо.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
По селата со лет на молскавица се пренесуваше страшната вест и гласен, неутешлив, очајнички и голем плач се слушна каков што никогаш порано не беше слушнат.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Црни облаци се дигаа од земјата, молскавици од усвитено железо се вбиваа во живите тела на немоќните, град од железо ја толчеше земјата и долги јазици од пламен се истураа од небото и ја гореа и пеплосуваа.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Со молскавици се мерат и векови и малечките божем безначајни умирања и божем невидливи трепети на светулките.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
- Какви ли се овие молскавици и грмотевици?
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Небаре како молскавица прелета пред неговите очи полицискиот камшик и на лицето почувствува пржење.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Пцости, хрчење, тешко дишење, глуво удирање со тупаници, писок, топло лизгање на ножот по коската, чад - пламен - светлина, мирис на крв, газење по мртво тело, откината рака, пресечен грклан, издупчени гради, болка, крв, штик на штик, нож на нож, цевка на цевка, оган - нож, пцовки, молба, молскавици, крв-крв- крв...мрак - мрак...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)