монолог (м.)
Отпрвин само му потврдуваше со главата, потоа почна да се уфрла со по некое „да“, „така е“, „и јас го мислам истото“, а кога овој мина на проблемот на дружењето, вжештено се втурна во монологот: - Каде да најдеш искреност!
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Но за сето време од својот монолог тој постојано го кажуваше осакатеното п кое токму такво звучеше моќно единствено. тревата заспива близу до нас или залудноста како неопходен елемент во откривањето на ноќните феномени ...водата да нè искапе – благородница или подмолница ...кон ѕвездата рацете – кон онаа што одамна топли или кон прекрасната грешна што сништа ни мами ...да талкаме – по меката добрина или по некоја далечна дивина незнаена што чека ...допир, одново допир,одново... ...нашите тела впиени во загадочната судба питоми по милост сурови по зов ...о моќна ноќна љубовна жед ко врела змија болот блед трепери во недоглед ...а долу нека уриваат...и без темел јас натаму патувам осветлен во твојата нагост... последниот или околу мебиусовиот концепт за изумрените видови ...
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Хорацио Цвикало, средовечниот актер, за кого дилемата „да се биде или да не се биде“ е постојано провокативна, било да се работи за Шекспиров монолог на театарската премиера или за „приказна од животот“, која ја реанимира над кафеанската маса, заклучува: - И што велиш, мил мој?
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Кај Данте, душите на оние на кои страста им го заплеткала разумот, на забранетите љубовници (Семирамида, Дидона, Клеопатра, Елена и Парис, Франческа и Паоло – извонредно друштво!) „пловат како чапји“ Лепет на невидливите крилја: зборот, чапјата – Ardea, кажан, под песок и книги, кој знае кога, во нечиј страстен љубовен крешендо, или во внатрешниот монолог на непознатиот, долетува, по мистериозната, музичка аналогија, во она што го запишувам.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Тоа веќе не беа негови монолози...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Пелагија клечеше крај неговата глава, го оплакуваше во себе, без глас и без солзи, оплакување што повеќе беше монолог отколку дијалог, всушност не кревајќи ја главата, чувствувајќи со снагата и слушајќи со ушите што се случува во одајата, кој доаѓа и кој заминува, таа му вели на старецот и се надева дека немите зборови што ги пушта во отворените очи во кои сега светот е сведен на таванот, дека незнајно како тие стигнуваат и до оној дел на старецот што уште не е заминат, а и до неговата дебела половина, до бабата Петра, која во мигот го слуша ритмичното вртење на тркалата од возот Ти дедо Костадине ја сврши најдобрата работа така да знаеш ги откорна бегалците од овој батак и ги упати назад во коренот во здивот на дедовците не е важно што ти и јас остануваме тука така ни е пишано зар не така ни било чкртнато да останеме во проклетава рамница за да бидеме дира на нашето талкање оти колку сакаш кажувај му некому дека си бил таму и таму си проживеал тоа и тоа ако не оставиш потврда за тоа како што направи сега ти кога ги напади сите во брегчињата и ритчињата на Македонија а ти остана тука каде што не сакаше да останеш за што јас живата и осрамотената ти сум бескрајно благодарна што ќе бидеме заедно ти во меката кална утроба на земјата јас земјосана калосана врз земјата со тоа што знам дека ти уште сега јуриш да го стигниш возот за да бидиш заедно со твојата благородна баба Петра и внучињата додека твоите коски ќе бидат тука додека еден ден не заминат со мене и не тагувај нема в земји да те положам додека не најдам такво место какво што бараше ти биди спокоен смири си ја душата пушти ја да ѝ биде поткрепа и надеж на баба Петра а ти како што гледаш не си сам не оти јас ти седам над глава туку ако смогнеш сили да ја свртиш главата ќе видиш дека одајката ваша никогаш не била пополна со луѓе отколку сега оти тука се сите што те сакаа ама и оние што те колнеа кога се затвори во вагонот Папокот Корнулов за кои не се знае уште колку ќе останат тука оти се шушка како некои вагони на товарниот колосек се полнат со секакви шејови тука е и Друже Србине кој се радува што не си замина со другите мисли дека барем овие што не се заминати ќе останат со тебе и да знаеш мислам дека е во право зашто еве јас ќе бидам тука Танаско децава школнициве цела година ќе се ловат по широкиве и празни улици! сака да го продолжува својот монолог ама одајчето е полно со тела и врева и таа не си ги слуша мислените зборови, мислата ѝ ја запираат, ѝ ја раскинуваат.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Сѐ што треба да направи е да го пренесе на хартија бескрајниот неспокоен монолог што му се одвиваше во главата буквално со години.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Во овој момент, меѓутоа, дури и монологот беше пресушил.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Напишаното во писмото остана само како монолог.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
И бидејќи знаев како ќе тече неговиот монолог, сосема се исклучив.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Писателката со внимание ги слушаше монолозите и дијалозите од нејзиното творештво.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Марката на цигарите малку ме збуни, но дури кога почнав да ги слушам неговите додворувања (ги кажуваше гласно, иако не толку јасно како жената Монолог во авионот), сфатив дека сум утнал.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Поточно, таа и нејзиниот монолог, зашто Тој беше нејзиното ехо.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Потоа, со истата чујност и одолжување, таа се предава на својот телефонски разговор, односно монолог, со израз наеднаш изменет од рамнодушен кон заинтригиран, наполно бришејќи ги патниците од својот видокруг.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Внимавај на оваа значајна околност кога донесуваш за некоја девојка заклучок – го продолжуваше монологот Катерина.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
А потоа, со некоја отсутност од која и самиот бев изненаден, го продолжив монологот што требаше нешто да разјасни.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Перса не се меша во нејзиниот монолог, одвреме навреме ја охрабрува со очите докрај да се отвори, докрај да се ослободи од товарот на минатото.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
- Што ти е тоа во ракавот? - му забележуваш во шинелската манжетна: тоа е уште на линијата од твојата размисла, зашто се работи за книга, а од друга страна го прекинува неговиот монолог за мезето.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Наизменичните монолози или секвенци се само разнобојни каменчиња што го надополнуваат и градат мозаикот на приказнава.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- Ахаа ... сакате да кажете, ќе ме сослушате, но тоа ќе биде како монолог во ветер, шепот во воздухот, здив во студено зимско утро, кој остава трага само додека дишете?
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)