мошти (само мн.)
Жените се наведнуваа, се наведна и Роден Мегленоски, се наведна и Дуко Вендија, се наведнаа уште два-тројца старци и сите заграбуваа земја меѓу прстите и фрлаа врз моштите од Велика Мегленоска.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Останав да стојам без движење и без сили да се соочам со тајната што можела да му биде позната на некој веќе покоен чиј живот можел да има значење токму заради она што било и што е во него; куп безвредни книжни пари со восочен лик на некој монарх, записи и стари писма, чеиз и неразделиплен невестински фустан, секира на злосторство, фајанс, сребро, часовник со мртво време во механизмот, некаков пергамент, ферман акт на судбина, библија под черупка за клетва на непознати заговорници, ограбени тасови и кандила од наш западен манстир, суво ерусалимско свето дрвце, зографски платна, книги, алати, ископано, камено торзо од Стоби, шандани, присокриено брашно во некоја гладна година, мошти на лажен светец, трговски тефтери, бројници, ретки ткаенини, поскурници и дрвени распетија, беговски појас под јатаган, билје, мелеми, збирка на инсекти, коски, гниеж и претчувства, една невидена и невидлива магија, но таа, во допир со живиот свет, ќе го изгуби значењето и ќе не осиромаши за една загатливост.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Ги поведе во јужниот дел и им ја покажа ниската капела во која е гробот на свети Наум со неговите мошти, како и самицата во која се лечат болни. Полковниците гледаа со интерес.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
А оние луѓе почнаа да копаат, и се почувствува силен мирис на кандила и темјан, и се покажаа светите мошти.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И сега не веруваа, иако, како што реков, пред да стигне Филозофот, стигна вест за чудесата со отркивањето на моштите на Свети Климент, пречесниот римски папа што беше маченички удавен в море.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
„Од еден питач слеп, кому, како и на секој питач дланката му е благајна Христова, оти кој на сиромавиот му дава – на Христоса му дава, разбрав дека светите мошти на светецот велик сѐ уште лежат в море.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Во него се сместени неговите мошти и гускиното перо со кое ги запишувал своите богомудри мисли и помисли“.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Пци глутници гробиштата ги ископаа, моштите на монасите ги изглодаа, ги раскостија, со нив се нагостија. Сетне, плочите ги разградија и ги продадоа.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Тоа се потврдува во сцените од испосничката ќелија, каде се наоѓаат моштите на древниот пустиножител и гускиното перо со кое тој ги запишувал своите мисли.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Сите напори ги совладуваше со леснотија од едно чувство на исполнетост од големиот подвиг што го направија заедно со Танаско и неговата Пена - што ги вратија моштите на дедо Костадина во Македонија и што ѝ ја олеснаа смртта на старичката.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Некое време се зборуваше дека некој го предал, но јас во тоа не верувам, турците од Турско Рудари го предадоа! – го повиши гласот баба ми – А Господ го откри гробот, кога сакаа да си ги земат моштите.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
При престојот на Крим ги нашле моштите на св. Климент Римски чии мошти подоцна ги однеле во Рим.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)