мрачина (ж.)
Вака некој ден сосема ќе потоне во мрачините и ќе престане да го сеќава во себе животот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Тоа не е ништо кога треба да се избега од мрачините на виделина и простор.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Поскоро да потоне во мрачините и да се стопи во нивната тишина.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Влегуваат луѓе во помрачината, не им се познаваат лицата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Се стемнуваше а ламба беше рано да се пали. Матна мрачина во крчмата.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Чувствував мачина, тегобност, незадоволство, бедност, тесна беше оваа кожа и тело.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Воздивот нејзин ми зборува, ми прикажува... ама мене не ме напушта претчувството дека оваа голема густа мрачина навестува само зло... дека сме заедно, еден спроти друг, чувствуваме по дишењето и макар што мракот е голем и густ, ми се чини дека и во него се гледаме...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)