мрачнина (ж.)
Од училиштето до овој привлечен свет на книгите, наеднаш тука, во дуќанчето полно со мрачнина во која господари незадоволството на татко му.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
И мелодијата појасно и посилно трепереше во мрачнината и го копкаше тажното чувство во него, разбудуваше и растопуваше некоја болка.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Во смешаноста на мелодиите, во бркотницата од распеани звуци, доминираше нешто одобрувачко, што ги истиснуваше мрачнините во душата на Арсо.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Ти, единствена што го дослушуваш мојов шепот, ти што пред малку не избави од скаменувањето, не одземај ми го од раце суштеството што ја зароби мојата прва љубов, распарај ги смрачниниве и лилјаците и дигни ги видиците пред нашиов далечен пат!
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Еразмо се кршеше некаде помеѓу желбата за земска храна, за удобност, за сладостраст и среброљубие – содржина на разјарениот бик кој требаше да се гони, да се вглави и здодевните разговори со сопственото живо битие што одвај преживува, полно со животен сјај во очите, со мрачнина и студенило во душата, со поглед насочен кон височините во потрага по вистинската желба за битисување.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
И денот и ноќта ни станува помрачна и повеќе мрачнина и мачнина се собира и боли чемерот.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Таа не сакаше да зборува за бебето, а тоа ја болеше зашто зборувањето за бебето не го правеше попроѕирен превезот на мрачнината што надлетуваше над него.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Ништо нема, ниту плима, ниту осека. Само празнина и мрачнина.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Сега се гледаме во синкастата светлина и во молкот ние одвај забележуваме дека сврти месечината, ѕвездите пребледија, а онаму високо - високо се губи Млечниот пат и тука долу, полека се ретчи мрачнината и зората надоаѓа бледо... Зазорува, драги Џим, И веќе е зора.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Расте, се згустува мрачнината со секој изречен збор, со секоја издишана издишка и во неа го чувствувам виежот на болката и осамата и стегањето на чемерот насобран ко грутка и тврд како кремен, чинам, го чувствувам во мојата сурова дланка...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)