мртвило (ср.)
Во каушот завладеа мртвило. Глигор и Арсо се вратија на своето место под прозорецот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Тоа беќе безработното меткање и мртвилото на нивниот крај од улицата во сите идни денови.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Мртвилото веќе ѝ тргнало, ама убавината уште ѝ се познава.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Времето стоеше, во неговото мртвило се движеше мојот дух. Дедото Симон се обидуваше да ме врати во минатото.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Татко ѝ приоѓаше со отворени очи, во кои имаше матна неподвижност и мртвило.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Тажно мртвило лебди во просторот. Кога последен пат го посетив ова место, како сѐ уште да ги слушав веселите гласови на некогашните задоволни работници од детството, во преполната работничка менза.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Мртвило гние во осаменава душа, жедна за одмазда, зошто предавството беше посилно од љубовта.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
И во моментите на вистинска радост и среќа, во нас останува една трошка осама, самотија, која доколку и за миг ја посетиме, го облева нашето битие и омјазот наш, го добива мртвилото на затворените очи.
„Записки“
од Милчо Мисоски
(2013)
Бојана имаше долга природна црвена коса, лице речиси мртовечки бело од пудра и во него всадени зелени очи кои светкаа како контраст на вештачкото мртвило на нејзината кожа.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Во палмите крај разиграно море мртвило се загнезди...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)