мршти несв.

мршти (несв.)

Крчо се мршти и го кисели лицето. Изгледа позна дека јајцето од поповиот син е појако.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Мојот пријател се мршти. Готов е да го одбие но човекот со белег не чека одговор и седнува на нашата маса.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Над сето тоа девојката гледаше со мрштење, не веруваше веќе дека овој со голо теме е поарен од оној нашараниот и накадрен јунак од куклен театар.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Таа се мршти. Нервно поминува со раката по косата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И ми студи! - плачливо одговара Ване и се мршти како да има во устата кисело диво јаболче.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Ја отвора чантата. Се гледа во огледалцето. Пак се мршти.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Билјана ги гледаше и се мрштеше. Нешто не ѝ беше по волја.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ебати мажот, со право ќе си рече. Ја начекав еднаш како му се мршти на еден младичок, еден бездриѓан и турни-бука, во вратот како бик.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Зошто се мрштиш? Поради спомнувањето на она, инстинкти?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- „Што ќе го читам јас кога ти си го прочитал”, рече Орде непријатно мрштејќи се и почна да се расправа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Неколкупати дури, поведен од таа надеж, тој одеше по девојчето до гимназијата, мрштејќи се и неволно кога требаше некого да поздравува, зашто баш во тој момент може таа да загуби нешто, а тој и да не забележи.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Но тој веднаш со мрштење, како да се гнаси, ја отфрла таа мисла, чудејќи се колку е понекогаш човек себичен и што ли не помислува дури и за своите најблиски и најмили!
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Отсега нема ни смешка, ни мрштење кога некој поет во песната ќе ѕида камен на камен, дури отаде сонцето и отаде месечината.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Командирот го сврте листот кон пламенот, мрштеше веѓи и мрдаше со усните.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)