муабети несв.
муабет м.

муабети (несв.)

Од друга страна пак, да можам денес, со помош на некоја сѐ уште неусовршена технологија, да му појдам во пресрет, со какво задоволство би му позајмувал пари, или уште повеќе, би излегувал со него на пиво и би муабетел за старите добри времиња?
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Таквите хипотези, вон научниот контекст каде што како работни претпоставки во процесот на осознавање имаат неизбежна улога, но каде што исто така, барем начелно, можат и да се верифицираат, во овој случај не се ништо друго туку обичен интелектуален шкарт, нуспроизвод од третокласно необврзно муабетење.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Ми доаѓа на гости. Си муабетиме.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Сакаше да биде со нас. Да муабетиме. Се смееше.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Беше мирно дома, девојчињата ги отвараа чантите и ги пробуваа нештата кои ги имаа купено весело муабетејќи.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Далеку од очи, далеку од срце, нова категорија на врска, во која не мора да бидеш секогаш тазе исфарбана, а за на „скајп“ си ставаш капа или шубара и си муабетиш, или си недостапна.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
А можеби ќе ти дојде со невестата за која пред некој ден муабетевте.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Многу често патував; значи, секоја недела, т.е. 3 до 4 пати во месецот си муабетевме за сѐ и сешто, па дури и за младата му жена што еднаш ќе ја донесе да си се поднови зашто со своето стручно око оценил дека има парчиња што на жена му многу ќе ѝ одговараат.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во тој момент, од ходникот допре гласот на мајката, која, како суфлер, но повеќе како контролор го следи муабетот, но не сака да учествува во него зашто тоа се машки муабети: „И не само таа.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)