мундир м.

мундир (м.)

Студено гледа оттаму човек во мундир и со фес на неврастично и жолчно бледо лице.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Мајското сонце се расплинува врз светлото кадифе на масата, вивти во букетот од трендафили ја оживува на ѕидот сликата на човекот со мундир и златни еполети.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тој го напипува чевелот под креветот и замавнува. Искршеното стакло звучно се распаѓа во ситни парчиња а човекот со мундир пак е таму и на тенките усни забележува жолчна иронија.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во Софија Гоце се запиша во военото училиште и облече јункерски мундир 21). Военото училиште траеше четири години.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Мундирот ми е вистина лош. Едно дваесет и пет години мислам, не бев на гробишта, какво место!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Имаат утепано поише црвени мундири отколку што Бата Живојиновиќ има утепано Германци (и Бугари), киселоводски стритер – улична џукела, отпорна на све.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
За тебе во зелен мундир За пролетните пољани цветни За полжавот што по дожд се буди За милозвучните кларинети За мрзеливиот и оној што се труди За славните химни и сонети За оној што љубов ќе понуди За старите ковани монети За оној што неправедно суди За луѓето – марионети За констелациите чудни За сладоледи во корнети... 2008
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Кога се обрнало, тој забележал човек со невисок раст, во стар износен виц- мундир и ужаснато, го препознало во него Акакиј Акакиевич.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И секогаш, како за инает, нешто ќе му се залепеше на мундирот: или парченце сено, или некакво конче; згора на тоа, тој поседуваше особена дарба – кога оди по улица, да стигне под некој прозорец токму во мигот кога низ него се исфрлаат најразлични гадотии, и поради тоа на својата шапка секогаш ќе понесеше корки од лубеница и диња и слични глупости.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)