набие (св.)
Во ѕидот на оваа страна допуштено е да има набиено два три кола на кои зимно време се обесуваат водените сакми и гуни, или некое котле со вода, да не го локаат пците или избурбатат прасињата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Богословот го наби шеширот на очи и се стопи со мракот.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Се исправи. Полесно е кога чекорам, мислеше, кога ја набивам земјата со моиве рамни стапалки.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Тоа го знам и би сакал уште да знам - кога можам да заминам кон чистилиштето на една планина како економ.“ Се потпиша и го здипли писмото со невешт искинат ракопис, по малку очаен зарад својата искреност, овој пат без капка цинизам, но и зачуден дека човековата биографија може да се набие в кожура како неколку зрнца ситен и безначаен барут.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Озгора беше еден влажен слој земја, добро набиен и со она бело подсветнување на голомразицата, додека ја откопуваше со казмата.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
- Јас одамна сум ја клал главата в торба, сум ја набил на кол.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Нозете ми се набиваат, секоја рана се фаќа за кожата. Небаре искра за трвлачка, за барут.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Одблесоците на молњите што влетуваа низ прозорците во лабораторијата, правеа рендгенски снимки на предметите и го набиваа воздухот со електрицитет кој делуваше стимулативно и на Мил и на синтезата што требаше да го забрза процесот на создавањето на живата материја.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
А и пиштолот ме налегнува и ме набива на колкот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ние бегаме, а тие идат по нас, тропаат и се набиваат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Погоре ќе речам друго: нешто ме набива на петицава, ме боцка.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Имаше облечено нова мантија и ставено нова шапка; инаку носеше фетва мантија, излижана и посивена од сонцето; имаше густа брада што му се спојуваше со косата и мустаќите; му се испакнуваа само јаболкцата на образите кои оддаваа црвенило и здравотија; кога газеше, газеше со појадри чекори, при што со нозете како да ја набиваше калдрмата по патот, а мантијата му се затегаше напната во колениците и шушкаше; крстот заедно со клучовите од манастирските порти и простории, провиснати од десниот џеб, му се нишкаа при одење и ѕвецкаа.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Додека ја набиваше, често само откопчувајќи го шлицот, го мразеше а не можеше без тој злоболен фалус на очувов, испрчен на телото на поетот.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Пишуваше драма – еден дел од животот на Сандино – во која американскиот стипендист пука во Американците со пушка на прадедо му, прочуениот ловец на бизони, мајката го губи едното дете, близначе, а другото, престорено во бувче, ноќе ги колве очите на окупаторските војници, убавицата води љубов не само со целото село, туку и со сеништата, вампири, духови на претците – сѐ тоа набиено на шеесетина страници.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Накратко, може да кажеме дека екранот мора да биде набиен со емоции”.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Во едно широко шише имаше камфор, жолтеникаво густ; си заби себеси шприц во раката - се распалија дивите струи, некоја дива енергија ја тргна раката на парализираниот човек наназад, па угоре, тој му ги наби лактите в гради.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
За некого тоа може да биде закопување на живо, за друг смрт со запалување, или со давење, или со набивање на колец, или педесет други видови умирања.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Плоштадот беше набиен со неколку илјади луѓе, вклучувајќи и една маса од околу илјада ученици во униформи на Шпионите.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Уште раното Јован почна да копа. Првин ги истрга оние неколку сиви камени плочи кои беа речиси набиени во земјата, ништо посебно повисочко, исплетени со корења од трева и капини.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Сум изумил дека бев набил туфек во цевката.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)